06 Мај, 2024
0.0281

БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР АНГЕЛОВ: Бугарија не може да ги промени своите позиции, ставот на ЕУ е проблем на Брисел, а не наш

Објавено во: Македонија 28 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Бугарија не може да ги промени своите позиции затоа што има декларација на Парламентот и одлука на Влада. Тоа што се говори внатре во ЕУ е проблем на Унијата и тоа е проблем на Брисел, а не наш проблем тука.

Ова го изјави бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов, одговарајќи на новинарско прашање, по работниот појадок во МНР организиран во рамки на македонско - бугарското претседавање со Берлинскиот процес, за тоа дали Софија ќе ги промени позициите по однос на преговарачката рамка за земјава, содржани во објаснувачкиот меморандум во кој се оспоруваат, меѓу другото, македонскиот јазик и нација, а која денеска е на дневен ред на КОРЕПЕР - Комиетот на постојани претставници во Брисел.

Прашан дали е извесно бугарско вето за првата меѓувладина конференција до крајот на годинава, доколку историчарите на двете земји во Мешовитата комисија не успеат да постигнат договор по отворените прашања, бугарскиот амбасадор го избегна одговорот, објаснувајќи дека денешната средба е фокусирана на Берлинскиот процес.

Ние сега сме фокусирани да го завршиме Берлинскиот процес и да и покажеме на цела Европа дека можеме заеднички да завршиме нешто успешно“, вели бугарскиот амбасадор.

За тоа каде гледа Бугарија територијални претензии во Преспанскиот договор од македонска страна со примената на краткото име на државата, амбасадорот Ангелов повторно избегна да одговори посочувајќи дека денешната средба е во контекст на Берлинскиот процес кој, вели, е многу значаен и треба да помогне за изградбата на довербата меѓу нашите две држави.

„Имаме големи очекувања дека Берлинскиот процес ќе донесе приближување помеѓу администрациите на двете држави затоа што како копретседавачи очекуваме резултати од средбите на министрите за внатрешни работи преку министрите за социјална заштита, министрите за здравство и министрите за надворешни работи. Двете администрации требаше да работат заедно. Дојде ковидот и тоа ги помати плановите, но и покрај тоа сметам дека на крајот ние ќе успееме да постигнеме некакви резултати кои ќе бидат видливи и ќе придонесат за регионот и за неговото приближување кон ЕУ“, рече Ангелов.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува