Добивај вести на Viber
Незадоволните Бугари, поточно една третина, односно 36 отсто од нив своите деца би ги испратиле да живеат во странство, покажуваат податоците од национална анкета направена меѓу 20 и 27 септември. Анкетата покажала дека 67 отсто% од анкетираните граѓани изјавиле дека би ги испратиле децата да учат во странство што е за 3% повеќе отколку во 2009-та година. Вакви одговори давале жителите на Софија, високообразовани, луѓе на возраст до 49 години. Над 70% се изјасниле дека би им препорачале на децата да заминат на работа во странство за определен временски рок. Голем е процентот и на оние кои во септември, кажале дека имаат намера засекогаш да ја напуштат Бугарија, дури 14 проценти. Загрижува фактот што најголем дел од нив се со високо образование и невработени.