29 Април, 2024
0.0260

БУГАРИЈА ГО СТЕГА ОБРАЧОТ: Оваа новина околу бугарските пасоши нема да им се допадне на многумина!

Објавено во: Балкан 25 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Бугарската потпретседателка Илијана Јотова изјавила дека повеќе нема да потпишува декрети за стекнување на бугарско државјанство, се додека специјална комисија од експерти не ја потврди вистинитоста на доставените документи за бугарско потекло на барателите, пренесуваaт бугарските медиуми.

Според истражувањата кои деновиве беа објавени во бугарските медиуми, властите во земјата им дале бугарско државјанство на 114 лица кои се барани од страна на Интерпол. Истрагата на телевизијата БНТ ги следи каналите по кои лицата кои се декларираат како  Бугари добиваат документи и на тој начин ја избегнуваат правдата во своите земји.

Уште во 2014-та година проверките на бугарското врховно административно обвинителство утврдиле нарушувања во Државната агенција за Бугарите во странство (ДАБЧ), од каде биле издавани документи за бугарско државјанство без сертификати, а преку кои се докажува дека тие се Бугари. За време на истрагата биле пронајдени  фалсификувани документи, а наодите на ова обвинителството биле потврдени и минатата година, пишуваат бугарските медиуми.

Истрагата покажува дека лица од различни земји во Министерството за правда претставиле сертификати со бугарско потекло, издадени од Државната агенција за Бугарите во странство, која е под контрола од кадарот од партијата ВМРО-БНД.

На овој начин, странските државјани само декларираат дека имаат бугарско самосвест и прикажуваат уверение од некаква невладина организација во странска држава, во која пишува дека барателот имал барем еден роднина Бугарин.

БНТ го наведува примерот со Кадрие Ризова од Битола, која поднела барање дека сака бугарско државјанство, а во интервјуто пред конзулот во Македонија на прашањето каква е нејзината народност, одговорила дека е циганка муслиманка, додека во барањето нејзиното барање доставено до бугарското министерство за правда, Кадрие напишала дека е Бугарка.

Стотици странци добиле државјанство на тој начин, вклучувајќи и криминалци, а според документи на меѓународните безбедносни служби голем број Македонци и Албанци зеле државјанство токму во момент кога биле барани од страна на Интерпол или веќе имале пресуди, се вели во телевизискиот прилог на БНТ.

Според податоците на бугарското министерството за правда, цитирана од worldbg.eu, за последните 15 години вкупно 116.222 странци добиле бугарско државјанство, при што повеќе од половина , околу 60 илјади лица се Македонци, потоа 30 илјади се од Молдавија, шест илјади се Украинци, а 5.400 се Срби. По нив следуваат Русите (5.194 лица и Израелците (3.840 лица). Бројот на Албанци кои добиле бугарско државјанство во последните 15 години изнесува 2.192, додека пак 622 Турци исто така станале бугарски државјани.

Можеби ќе ве интересира

ТАТКОТО НА НОВАК ЃОКОВИЌ ПРИМЕН ВО УРГЕНТНИОТ ЦЕНТАР - еве дали ќе биде задржан во болница

ТАТКОТО НА НОВАК ЃОКОВИЌ ПРИМЕН ВО УРГЕНТНИОТ ЦЕНТАР - еве дали ќе биде задржан во болница

„ЖИВЕЕМЕ ВО ЕРА НА ТЕХНОФЕУДАЛИЗАМ, НИЕ СМЕ ОБИЧНИ КМЕТОВИ НА ТЕХНОЛОШКИТЕ ГИГАНТИ“ - Јанис Варуфакис напиша нова книга, еве кои му се плановите

„ЖИВЕЕМЕ ВО ЕРА НА ТЕХНОФЕУДАЛИЗАМ, НИЕ СМЕ ОБИЧНИ КМЕТОВИ НА ТЕХНОЛОШКИТЕ ГИГАНТИ“ - Јанис Варуфакис напиша нова книга, еве кои му се плановите

БИТКА ЗА „ЈУГОСЛАВИЈА“: Протест во Нов Белград заради рушењето на култниот хотел

БИТКА ЗА „ЈУГОСЛАВИЈА“: Протест во Нов Белград заради рушењето на култниот хотел

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ОСВЕН ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА, СРБИЈА ЌЕ СТАНЕ НАЈГОЛЕМ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА БАКАР ВО ЕВРОПА: Се подготвуваат големи инвестиции

ОСВЕН ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА, СРБИЈА ЌЕ СТАНЕ НАЈГОЛЕМ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА БАКАР ВО ЕВРОПА: Се подготвуваат големи инвестиции

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

УШТЕ ЕДНО ГОЛЕМО ПРОШИРУВАЊЕ НА „ЛИДЛ“: Инвестирани 120 милиони евра во нов логистички центар во близина на Загреб

УШТЕ ЕДНО ГОЛЕМО ПРОШИРУВАЊЕ НА „ЛИДЛ“: Инвестирани 120 милиони евра во нов логистички центар во близина на Загреб