11 Мај, 2024
0.0261

Буџетот потежок за 50 милиони евра, ама буџетскиот минус скока за 470 милиони евра

Објавено во: Економија 15 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Со ребалансот на буџетот Владата годинава ќе потроши околу 53,7 милиони евра повеќе од првичното планираното. Министерството за финансии ги скрои новите проекции во кој расходите се зголемуваат за толку пари или за само 1,4 проценти. Вкупните расходи изнесуваат 3,95 милијарди евра. Приходите се позиционирани на 3,2 милијарди евра или за 11,5 проценти пониски од планот. Со ребаланост се намалуваат минимално трошоците за плати ама поради штедење на некои надоместоци. Платите на јавната админстрација остануваат непроменети.

Капиталните инвестиции се 19,5 милијарди или за 4,2 милијарди денари пониски од планот, а се крати на несуштински проекти.

Министерката за финансии Нина Ангеловска рече дека со овој ребаланс буџетот се зголемува минимално, најмалку од сите земји во регионот па и пошироко. Вели дека ќе има трет сет мерки, со кои ќе се стимулира приватната потрошувачка. Самата во неколку наврати рече дека е застапник на тоа јавниот сектор да се солидаризира со приватниот, но преовладал ставот дека платите на административците ќе останат исти.

„Има спрега – платите се финансираат од државната каса во која главен полнач е приватниот сектор. Треба да има разбирање, па кога зборував за тоа сметав дека кога не се полни со ист интензитет буџетот таа спрега треба да е правична. Но има кадри и во администрацијата кои работат деноноќно да им излезат во пресрет на фирмите. Затоа треба да има ефикасна администрација и намалување на беше направено, рече Ангеловска.

Пензиите нема да се намалуваат. Инаку Владата за поддршка за Ковид практично со овој ребаланс одделува 82 милиони евра, во кои освен тие 53,7 милиони евра на расходната останатите триесетина милиони евра се обезбедени со кратења од сите буџетски корисници.

Буџетскиот дефицит ќе се зголеми за 470 милиони евра, односно ќе изнесува 750 милиони евра или 6,8 проценти од БДП. Ќе се финансира со позајмувања дома и во странство. Владата веќе одлучи да позајми до 800 милиони евра преку еврообврзница.

Министерката рече дека со парите кои се обезбедни за поддршка се обезбедени 50 милиони евра кои се додадават на Ковид програма за мерки за стимулирање на приватната потрошувачка во фаза на опоравување. За туристички сектор вкупно 12 милиони евра, а 350 милиони денари за социјална заштита, 350 милиони денари на ФЗО, 300 милиони денари за МЗ за зајакнување на капцитети, техничка експертиза, 350 милиони денари се за ковид програма во МОН за поддршка млади и студенти за ИТ,  150 милиони денари за надомест на наевработеност.

Со ребалансот се предвидува пад на домашната економија од 3,4 проценти годинава. 

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили