Буданов: Приказната за моќната руска армија е мит, тоа е само орда луѓе со пушки
Објавено во: Свет 13 Мај, 2022 17:51
Се појавија разузнавачки информации дека војната во Украина ќе доживее пресврт во август и ќе трае до крајот на годинава.
Шефот на украинската воена служба, генерал-мајор Кирило Буданов кажа дека „војната тече толку добро што се очекува пресврт во август и истата ќе заврши до крајот на 2022 година“.
Во интервју за „Скај њуз“, Буданов изјави дека „во Русија веќе е во тек државен удар за соборување на Владимир Путин и дека рускиот лидер е тешко болен од рак“.
„Поголемиот дел од активните борби ќе бидат завршени до крајот на оваа година. Како резултат на тоа, ќе ја вратиме украинската моќ на сите наши територии што ги загубивме, вклучително и Донбас и Крим“. тој рече.
Тој рече дека не е изненаден од неуспесите на Русија во војната.
„Знаеме сè за нашиот непријател. Знаеме за нивните планови во моментот кога ќе ги направат. Европа ја гледа Русија како голема закана. Тие се плашат од нејзината агресија. Ние се бориме со Русија веќе осум години и можеме да кажеме дека приказната за моќната руска армија е мит, само орда луѓе со пушки“, заклучи тој.
„Скај њуз“ коментира дека Буданов точно предвидел кога ќе се случи руската инвазија. Русија на 24 февруари ја почна војната во Украина.
Руски војник обвинет за убиство на невооружен украински цивил денеска се појави пред судот во Киев, пред првото судење за воени злосторства од почетокот на војната. Вадим Шишимарин (21) беше изведен пред судот на прелиминарно рочиште.
Можеби ќе ве интересира
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?




