БУЧКОВСКИ ЗА ФАКТОР: Од нас зависи дали ќе ни се ограничи движењето, пензионерите не смеат да се шетаат по паркови
Објавено во: Македонија 18 Март, 2020 14:31
Што ќе значи за граѓаните вонредната состојба, која се очекува да ја прогласи претседателот Стево Пендаровски.
Телефоните на нашата редакција и новинари се вжештија од повици на граѓани кои бараат разјаснување на каков начин сега ќе се смени нивниот живот.
Фактор на оваа тема разговараше со професорот на Правниот факултет Јустинијан Први, Владо Бучковски.
Тој објаснува дека со вонредната состојба се дава можност Владата да носи уредби со законска сила.
„Тоа значи дека ограничувањето на движењето на граѓаните може да биде и законски уредено“, вели Бучквски.
Дали ова ќе значи дека граѓаните нема да смеат слободно да се движат, професорот објаснува дека тоа ќе зависи од начинот на кој тие ќе се однесуваат.
„Ако веќе сите знаеме дека повозрасните граѓани се најзагрозена категорија, недопустливо е деновиве да имаме полни паркови со пензионери. Не може оправдување да биде тоа дека ги мами топлото време. Тие не смеат да не ги почитуваат владините препораки да се седи дома“, вели Бучковски.
Затоа, доколку недисциплината продолжи, Владата ќе смее да прогласи во одреден период од денот забрана на движењето на граѓаните, или во текот на целиот ден, смета професорот, додавајќи дека тоа ќе зависи од нашето однесување. Односно, полициски час би можел да се прогласи во половина од денот, а во половина да биде слободно движењето.
Тој советува дека граѓаните мораат да се движат со заштитни маски и ракавици, а во тој дел власта мора нив да ги обезбеди за оние граѓани кои се уште не ги набавиле.
„Кога може во Белгија да смее од дома да се излезе само поради три причини, и тоа само за набавка на прехранбени намирници, за одење во аптека или за извршување на работни обврски, тогаш ќе можеме и ние да ги почитуваме тие мерки“, нагласува професорот.
Тој се согласува со техничкиот премиер Оливер Спасовски, кој денеска рече дека животот, без разлика што ќе биде воведена вонредна состојба, ќе тече нормално, но се ќе зависи од однесувањето на граѓаните. Според Спасовски, евентуалното воведување на полициски час ќе биде за да се спречи собирање на граѓани и правење на забави, појава која во изминативе неколку дена беше присутна во скопската приградска населба Сопиште.
„Несомнено дека на овој начин ќе се ограничат некои наши слободи и права, но тоа е нужно во овој период“, вели Бучковски.
Исто така, објаснува Бучковски, вонредна состојба ќе биде и во делот на ангажирањето на дополнителни сили во Полицијата и во Армијата. Односно, ќе се даде законска можност Армијата да биде во улога н асистенција на Полицијата.
Како трето, вонредната состојба промптно да се донесат серија економски мерки со цел да се спречи натамошното уништување на економијата, во смисла на намалување на давачките, ослободување од некои давачки, одложување на некои обврски и слично. Може да се донесе сет на мерки кој би уредил како да функционираат стопанските субјекти. Односно, мора да продолжат да работат оние што произведуваат храна, хигиена и лекови, а за другите, би можел да се даде одреден период тие да ги исполнат своите обврски кон добавувачите, но потоа, доколку дојде до дополнително влошување на состојбата со коронавирусот, ќе мора да се одлучи кои фирми би смееле да работат, а кои не.
Носењето на мерка за вонредна состојба е исклучително тешка кога ја предлага Владата, во услови на парламентарна демократија. Но, Бучковски нагласува дека граѓаните не треба да стравуваат, бидејќи кај нас Парламентот и така е распуштен, така што вонредната состојба не е политички мотивирана и не значи никаков вовед во диктатура, туку едноставно е наметната потреба.
Постои уставна одердба дека претсдателот може да прогласи вонредна состојба во рок од 30 дена, ако е распуштен Парламентот,
Нина Нинеска-Фиданоска
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип





