20 Април, 2024
0.2516

Брзите кредити се „скапи“ и со краток рок на враќање, но граѓаните ги бараат се повеќе

Објавено во: Економија 23 Јуни, 2022

Добивај вести на Viber

Дури 414.000 побарувања на брзи кредити имало во 2021, според извештајот на Македонскоот кредитно биро за минатата година, што покажува дека побарувачката кај граѓаните за овие заеми со повисоки каматни стапки и пократок рок на враќање е енормно зголемена.

Бројката на направени проверки на инсолвентноста на потенцијалните должници кај финансиските друштва, покажуваат дека бројката за една година се зголемила за дури 64,1 отсто. Во 2020 имало 252.416 проверки на клиенти, а во 2019 бројот на издадени извештаи на финансиските друштва изнесувал 310.906.

„Зголемениот број на повлечени извештаи се должи на зголемената деловна активност на финансиските друштва во 2021 година и зачленувањето на нови друштва лиценцирани за вршење вакви активности“, се вели во извештајот.

Интересот за брзи кредити е уште поголем, велат од Македонско кредитно биро, затоа што не сите од 30-тината финансиски друштва колку што ги има во земјата се корисници на нивните услуги.

- Најголемата причина за зголемениот интерес е тоа што намалената активност поради Ковид 19 во 2020 се надомести во 2021, но и бројот на финансиски друштва се зголеми, иако сите од нив не се наши членки. Инаку бројката од 414.000 издадени извштаи не кореспондира со тоа колкав број на брзи кредити се одобрени, затоа што за едно лице може истовремено да побараат извештаи пет финансиски друштва, велат од МКБ.

Како споредба, зголемувањето на бројката на проверки на лицата што бараат кредити кај банките е постабилна. Таму имало 569.127 проверки на кредитобаратели лани. Во споредба со една година претходно издадени се за 31,1 проценти повеќе извештаи на банките. Во 2020 активноста била 433.887, во 2019 бројката изнесувала 542.389, а во 2018 имало 553.803 проверки.

Од финансиските друштва кои ги контактиравме велат дека не станува збор за криза кај граѓаните, туку дека во прашање е зголемување на понудата.

- Има нови и иновативни понуди и услуги, а во меѓувреме се зголеми и бројот на финансиските друштва кои се подостапни за граѓаните. Треба да се спомене дека има и се поголем број на барања за рефинансирање на заем претходно добиен од друго место, ни рекоа од едно од најпопуларните финансиски друштва во земјата.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор