18 Декември, 2025
0.2184

Брзи кредити за одлични профити! Колкави добивки прават фирмите за брзи пари?

Објавено во: Финансии 10 Октомври, 2022 08:14

Добивај вести на Viber

Бонбона бизнис е епитетот што со право може да го понесат продавниците за брзи пари! Дури осум од нив лани успеале да имаат профити кои се зачудувачки. Две друштва што зајмат брзи пари успеале да задржат како добивка над 50 отсто од целиот лански приход, а уште четири компании задржале како профит повеќе од 20 отсто од ланските приходи!

Брзите кредити се веројатно еден од најпрофитабилните бизниси во годината што е зад нас. Заем за половина час! Пари на рака за еден ден! Аплицирајте преку мобилен телефон! Првиот кредит е без камата! или Ако вратите се од следната плата НЕМА камата! Ова се само дел од ултра привлечните и популистички реклами за мали и брзи заеми за кои на заемобарателот речиси и да не му треба никаква процедура.

Иако на прв поглед бизнис моделот не дава гаранција дека е екстра просперитетен сепак резултатите на дел од компаниите што го работат ова, рака на срце, се фасцинантни.

Затоа што се неверојатни профитните маргини што ги оствариле дел од овие компании кои се регистрирани за дејностите како што се мали и брзи заеми, а дел од нив се регистрирани и за финансиските дејности факторинг и издавање гаранции, а има и такви кои администрираат кредитни картички.

Според официјална евиденција на Централниот регистар над 30 активни друштва ја вршат ова дејност, а меѓу нив дури 8 компании имаат профит кој е најмалку 18 отсто од целиот приход на друштвото.

Податоците кои се достапни во базата на Централниот регистар покажуваат дека овој бизнис сегмент на финансискиот пазар има изразено голем потенцијал и дека заработките се енормни, а бизнисот е регуларен.

Иако тука мора да се истакне дека регулацијата на банките е многу поинтензивна, а во голема мерка работењето на овие друштва не е регулирано со опфатот на мерки и активности за надзор кои се надлежност на централната банка.

ИУТЕ Македонија лани е најголема компанија во индустријата за брзи заеми. Има убедливо најголеми приходи од дејноста што значи дека е најголем играч на овој брзорастечки пазар во кој има силна конкуренција меѓу компаниите. Неговите приходи лани биле 11,9 милиони евра и тоа е за 45 отсто повеќе од вториот пазарен учесник според критериумот market share.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра