БРЗ СНЕЖЕН БРАН ЌЕ ДОНЕСЕ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД СНЕГ: Еве ги метео деталите од Попоски
Објавено во: Македонија 03 Јануари, 2025 06:00
Во текот на претстојната ноќ, значи петок кон сабота (3 кон 4 јануари), како и во сабота во раните утрински часови, особено во северозападните и во западните предели од Македонија од север ќе помине еден брз снежен бран кој на повеќе места ќе донесе пообилни врнежи од снег (вклучувајќи ги и градовите во овој дел од Македонија). Овој бран на снежни врнежи позначително ќе е зголеми снежната покривка на планините и на Скијачките центри (за 20 до 30 сантиметри, локално можно е и за повеќе). Мала снежна покривка ќе се формира и во делови од градовите во овој дел од Македонија, вели метеорологот Славчо Попоски.
„Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина до околу 60 км/час). Во Скопје и околината повремен снег се очекува особено во повисоките предели од котлината, како и на околните планини.
Што се однесува до температурите, тие позначително ќе опаднат и во сабота ќе се движат во интервалот само од 1 до 8 степени, додека на повисоките, планинските и на Скијачките центри температурите постојано ќе бидат под нулата.
Во следните мои метео објави следува детална анализа околу температурите кои се очекуваат овој викенд во Македонија, кога очекуваме значително поладни утра“, вели тој.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




