БРОЈОТ НА ЖРТВИ ВО ОПОЖАРЕНИОТ „ТЕАТАР“ СЕ ЗГОЛЕМУВА: Уште вадат изгорени тела од ноќниот клуб во Мурсија
Објавено во: Свет 01 Октомври, 2023 16:31
Најмалку 13 млади
луѓе загинаа во денеска во раните утрински часови во пожар што избувна во познат
ноќен клуб во Мурсија, на југоистокот на Шпанија. Оваа бројка не е дефинитивна,
предупредуваат службите за итни случаи кои сè уште работат во урнатините.
„Експерти од научната и правосудната полиција беа распоредени во ноќниот клуб Мурсија, каде што се случи пожар во мугрите за да истражат“, објави шпанската национална полиција на Твитер.
Пожарникарите биле известени околу 06:00 часот (0400 GMT) дека избувнал пожар во ноќен клуб лоциран во областа Аталајас во Мурсија.
Службите за итни случаи предупредија дека билансот може да се зголеми.
Властите можеа да влезат во ноќниот клуб неколку часа подоцна „откако пожарот беше изгаснат“, каде што прво открија четири тела, а други беа откриени околу четириесет минути подоцна, наведува Euronews.
Еден час подоцна, градското собрание на Мурсија посочи дека извидничката работа продолжува.
„Приоритет е да се лоцираат телата во локалот“, изјави за АФП портпаролот на националната полиција.
„Истрагата сè уште не е започната бидејќи не се утврдени резултатите“, додаде таа.
Повредени се и четири лица - две жени на 22 и 25 години и двајца мажи на возраст од 41 и 45 години, откако вдишеле чад.
Според фотографиите објавени од службите за итни случаи, ноќниот клуб „Театар“ буквално е проголтан од пожарот.
Фотографиите од местото на настанот покажуваат бројни возила на Итната медицинска помош и противпожарни возила кои продолжуваат да ја прскаат поцрнетата фасада. Од покривот на „Театар“ уште излегува густ чад.
Според градоначалникот на Мурсија Хозе Балеста, кој прогласи тридневна жалост во спомен на жртвите, противпожарната служба мобилизирала 12 возила за итна помош, 40 пожарникари, како и дваесетина полицајци.
ФОТО: BomberosMurcia/TwitterМожеби ќе ве интересира
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала
Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност
Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск




