Брнабиќ се објаснуваше зошто летувала во Хрватска
Објавено во: Балкан 09 Август, 2022 20:45
Српската премиерка Ана Брнабиќ се објаснуваше зошто летувала во Хрватска, по острата реторика меѓу властите во двете земји по повод одбележување на годишницата од акцијата Олуја.
Таа рече дека поседува имот во Хрватска и дека затоа одморала таму.
„Имам куќа во Хрватска, на островот Крк. Мојот дедо, таткото на мојот татко е од Крк, па имам моја куќа таму. Последен пат таму бев во 2016 година. Откако влегов во владата, како министерка за државна управа и локална самоуправа, не сум отишла во својата куќа“, кажа Брнабиќ.
Вели дека во овој момент чувствува дека за неа како шефица на српската влада не е добро да летува во Хрватска.
„Дел од моето семејство летува таму. Тоа е мое лично чувство, мислам дека не морам да го објаснувам“, порача српската премиерка.
Пратеникот на владејачката партија СНС Владимир Ѓукановиќ и градоначалникот на Нови Сад Милош Вучевиќ кажаа дека не ги разбираат Србите кои летуваат во Хрватска.foto EPA/Rafal Guz
Можеби ќе ве интересира
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?
ПАДНА ВЛАДАТА НА РОСЕН ЖЕЛЈАСКОВ: По масовните протести, бугарската влада си поднесе оставка




