БРИЖИТ МУ УДРИ ШЛАКАНИЦА НА МАКРОН! Камерите ја снимија кавгата меѓу претседателот и првата дама, неговиот израз на лицето КАЖУВА СÈ
Објавено во: Свет 26 Мај, 2025 11:20
Францускиот претседател Емануел Макрон е фатен на камера во многу непријатна ситуација.
Од снимките кои се споделуваат на социјалните мрежи, може да се забележи дека Макрон изгледаше многу изненаден, но брзо се смири поради присуството на камери и службени лица.
На видеото кое се споделува на „Х“, се гледа како Макрон разговара со некого додека се отвара вратата од авионот, и во истиот момент добива шлаканица по лице.
Подоца, од видоето може да се забележи дека неговата сопруга, Брижит е најверојатно таа која го удира Макрон, што може да се заклучи според облеката која таа ја носи.
Причините за недоразбирањето меѓу претседателот и првата дама не се познати.
Францускиот претседател Емануел Макрон наводно се скарал со својата сопруга Брижит, по што таа се чини дека му удира шлаканица, сето тоа снимено со камера.
Видео објавено на социјалните мрежи ги прикажува Макрон и Брижит како се подготвуваат да излезат од авионот за време на официјалната посета на Виетнам.
Тепачката меѓу Макрон и Брижит снимена на камера
Кога вратата од авионот се отворила, се чини дека Брижит го удрила Макрон во лицето, по што тој изгледал изненаден.
French President Emmanuel Macron was slapped by his wife during a family dispute that was caught on camera.
— NEXTA (@nexta_tv) May 26, 2025
The incident occurred shortly after the French presidential plane landed in Vietnam.
What exactly enraged his wife remains unclear. pic.twitter.com/O8bnm4wVMC
Претседателот на Франција брзо се „собра“ бидејќи знаеше дека камерите ги снимаат, а службените лица чекаат.
Што точно се случило меѓу претседателот и првата дама на Франција, сè уште е познато. Бидејќи самата Брижит Макрон остана скриена зад трупот на авионот по расправијата, беше невозможно да се види нејзиниот израз на лицето и говорот на телото. Потоа брачниот пар Макрон се симна по скалите од авионот за официјален пречек, иако Брижит Макрон не ја прифати раката што ѝ ја подаде нејзиниот сопруг.
Луѓе блиски до Макрон се јавија
Откако видеото стана вирално, кабинетот на Макрон го минимизираше инцидентот.
Кабинетот на Макрон првично ја негираше автентичноста на видеото, пред да биде потврдено дека е автентично. Близок соработник на францускиот претседател подоцна го опиша инцидентот како безопасна „кавга“ меѓу двојката. Друг член на неговата делегација го минимизираше инцидентот.
- Тоа беше моментот кога претседателот и неговата сопруга се опуштија за последен пат пред почетокот на патувањето, шегувајќи се. Тоа е момент на единство - изјави неименуван функционер за француските медиуми, обвинувајќи ги проруските профили за негативните коментари за инцидентот.
Азиска турнеја на двојката Макрон
Виетнам е првата станица од еднонеделната турнеја низ Југоисточна Азија за Макрон и неговата сопруга, каде што ќе ја претстават Франција како веродостојна алтернатива на САД и Кина.
Тој ќе ги посети и Индонезија и Сингапур.
Фото: Принтскрин/ХМожеби ќе ве интересира
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина




