БРИТАНСКИОТ АМБАСАДОР ОБЈАВИ КОГА И КАДЕ ЌЕ БИДЕ ПОТПИШАН СТРАТЕШКИОТ ДОГОВОР: СДСМ има прашања за задолжувањето
Објавено во: Македонија 19 Мај, 2025 16:55
Амбасадорот на Велика Британија во Македонија, Метју Лосон во гостување на Сител најави дека македонската делегација предводена од вицепремиерот Александар Николоски неделава ќе го потпише Стратешкиот договор на свечена церемонија. Aмбасадорот информацијата ја објави и на X.
„Се радувам што ќе го придружувам заменик-премиерот Александар Николоски и делегацијата на Владата на церемонијата на потпишување која ќе се одржи во Лондон оваа недела“, објави Лосон.
СДСМ ќе го поддржи првиот дел од стратешкиот договор со Велика Британија што планира да го потпише актуелната Влада, но го проблематизира неговиот втор дел со задолжувањето од околу шест милијарди евра. Лидерот на оваа партија, Венко Филипче, на денешната конференција за печатот рече дека новото задолжување не само што е економски сомнително туку и политички антиевропско. Деновиве од Тирана, премиерот Христијан Мицкоски најави дека Македонија ќе потпише договор за стратешко партнерство со Британија.
foto X
Можеби ќе ве интересира
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




