19 Декември, 2025
0.0578

Британски министер се пофали дека ги депортираат Албанците, а Тирана врати со протестна нота

Објавено во: Свет 16 Јануари, 2023 20:25

Добивај вести на Viber

Поради коментари на британскиот министер за имиграција Роберт Џенрик, Албанија упати протестна нота. 

Албанија испрати протестна нота до амбасадорот на Велика Британија поради „говор на омраза“.  Џенрик ги коментираше илегалните мигранти.

„Со оваа протестна нота сакаме да ја изразиме нашата загриженост поради неодамнешните изјави кои ги дискриминираат Албанците“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Албанија. 

На 13 јануари, британскиот министер Роберт Џенрик објави видео снимено во центарот за депортација, каде тој ги пофали вработените во центарот, кои рече дека неуморно работат на „пронаоѓање и апсење на Албанците, да ги стават во автобуси, да ги однесат на аеродром и да ги вратат назад во Тирана“.

Албанската министерка за Европа и надворешни работи, Олта Џачка, реагираше на изјавата на британскиот министер за емиграција, Роберт Џенрик, кој изјавил дека „Албанците-криминалци треба да се истераат од Обединетото Кралство”. Таа вели дека ова е вербален линч.

Албанците претставуваат 42 отсто од сите мигранти кои се обиделе да стигнат до  Обединетото Кралство помеѓу мај и септември 2022 година. Тие патуваат со чамци до Британија. Британија бараше Албанија да ги запре своите граѓани. 

Џенрик  лани во декември, бараше државата да забрани Албанците да добиваат азил. 

Албански имигранти кои се обидувале со гумени чамци да заминат во Обединетото Кралство преку Ла Манш во Франција лани во ноември се судрија со француската полиција. 

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела