БРИТАНИЈА ДА ГИ ПРЕИСПИТА ОДНОСИТЕ СО СРБИЈА: Пратеничка ги мобилизираше колегите и бара реакција откако Вучиќ беше во Москва
Објавено во: Балкан 14 Мај, 2025 16:08
Бурни реакции има за Србија откако претседателот Александар Вучиќ на 9 мај беше во Русија.
Над 20 членови на британскиот парламент побараа од Владата на Обединетото Кралство да го преиспита својот однос со Србија, откако претседателот Вучиќ присуствуваше на воена парада во Москва на 9 мај.
Пратеничката Ема Левел објави на социјалната мрежа X дека испратила официјално писмо до министерот за надворешни работи, во кое бара „значајна промена“ во британската надворешна политика кон Србија. Таа вели дека писмото го потпишале уште 25 пратеници.
Во писмото се додава дека Србија, под водство на Вучиќ, ги интензивирала врските со рускиот претседател Владимир Путин и дека е единствената земја-кандидат за членство во Европската Унија која не вовела санкции против Русија, и покрај, како што нагласува, „страшните злосторства против Украина од 2014 година“.
Вучиќ и претходно доби предупредување дека не би требало да патува кај рускиот претседател Владимир Путин.Како што вчера кажа српскиот претседател, Александар Вучиќ, атмосферата за отворање поглавја во Европската Унија(ЕУ) „не е многу добра“.
Можеби ќе ве интересира
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?




