05 Мај, 2024
0.0245

БРЕГЗИТ ги плаши Централните банкари-Какво е влијанието врз еврозоната?

Објавено во: Економија, Свет 18 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Претставниците на Европската централна банка "како целина" се согласуваат дека непосредна реакција на резултатот од британскиот референдум не треба да биде причина за прекумерни шпекулации за уште стимулации, соопштува Bloomberg.

„Широко споделен беше ставот дека Управниот одбор треба да го потврди капацитетот и подготвеноста да дејствува по потреба, за да ја постигне својата цел, користејќи ги сите инструменти во рамките на неговиот мандат, додека во исто време не охрабрува неоправдани очекувања за идната насока на монетарната политика“, се наведува во записникот од состанокот на 20-21 јули, објавен во четвртокот.

Британската одлука за напуштање на Европската унија доведе до ветувања од централните банкари низ регионот, дека ќе направат се што треба за да ги минимизираат економските падови. Иако ЕЦБ ги задржа без промена стимулите во јули, и претседателот Марио Драги изјави дека е премногу рано да се процени влијанието на Brexit врз еврозоната, Англиската централна банка (АЦБ) објави пакет мерки во август, за  намалување референтната каматна стапка до рекордно дно од 0,25%.

При формулирањето на изјавата на Драги централните банкари ги признаа ризиците поврзани со Brexit, но сепак останаа релативно позитивно настроени за економските перспективи. Иако тие истакнаа дека има „цврсти докази“ дека донесените досега мерки се ефикасни, тие истакнаа дека целокупното влијание сеуште не е јасно.

„Треба да се покаже внимателен оптимизам за состојбата на економијата на еврозоната и ефикасноста на мерките на ЕЦБ за монетарната политика, кои придонесоа за засега одржлива реакција на финансиските пазари кон резултатот од британскиот референдум“, покажува протоколот. Подготвеноста на централните банки да обезбеди ликвидност по потреба „помогна да се задржи стресот на пазарот„.

Претставниците одлучиле дека е „премногу рано“ да се разгледува потенцијална политичка реакција „во оваа фаза“. Тие упатуваат „силен повик“ кон европските влади да ја ограничат несигурноста околу преговорите за излез на Велика Британија и да обезбедат јасна визија за идната насока на ЕУ.

Студии објавени по последната средба на ЕЦБ, сигнализираат дека компаниите и инвеститорите во валутниот блок во голема мера го надминале шокот од Brexit во моментот. Сепак податоците покажуваат дека растот е забавен во вториот квартал, бидејќи Германија ги носи на грб послабите економии на Франција и Италија.

Членот на Управниот одбор Петер Прат, кој е и главен економист на ЕЦБ, изјави дека во главниот ценовни притисоци „продолжува да недостасува убедлив нагорен тренд и останува траен извор на проблеми“.

Инфлацијата е на ниво од 0,2% во јули, што сеуште е далеку под целта на ЕЦБ од малку под 2%, а базната инфлација достигна 0,9%.

Централните банкари одбележуваат „повеќенасочни“показатели на долгорочните инфлациски очекувања. Иако базираните на индикатори покажаа „поголема отпорност“, пазарно базираните индикатори остануваат во близина на рекорден минимум. Членовите на советот ги нарекуваат овие нивоа „извор на проблеми“, но ги забележуваат и техничките фактори кои можат да искриват податоците.

Според централните банкари сепак ќе потрае уште некое време пред ефектите на мерките на ЕЦБ да се развијат целосно.

Централните банкари споменуваат и за очигледната врска меѓу оценките на вредноста на банкарските акции и обемот на кредитирање. Иако не е задолжителна нестабилноста на цените на акциите да е повод за вознемиреност, таа сепак може да влијае на механизмот на дистрибуција, велат тие.

Пред средбата во јули економистите анкетирани од Bloomberg, очекуваа дека стимулите од ЕЦБ ќе се прошират во септември, а некои прогнозираа дека централната банка ќе ги смени правилата на програмата за откуп на средства поради недостаток на обврзници. Драги по состанокот рече дека Управниот одбор не разговарал за конкретни алатки.

Централните банкари ќе добијат нови податоци за инфлацијата и економскиот кредибилитет, како и за растот на приватниот сектор пред следната политичка средба на 8 септември.

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години