Српската премиерка Ана Брнабиќ присуствуваше на парадата на гордоста во Белград за поддршка на ЛГБТ заедницата на која до пред некоја година во Србија имаше огромни инциденти и повредени учесници и полицајци.
„Сметам дека Србија не е ксенофобна земја. Секако, постојат уште многу работи што треба да се направат, како Законот за родова рамноправност и Законот за дискриминација. Работиме и на Законот на Алекса, бидејќи насилството помеѓу врсниците е уште еден од големите проблеми со кои се соочуваат припадниците на ЛГТБ заедницата, особено во тинејџерските години“, рече на собирот премиерката Брнабиќ.