26 Април, 2024
0.0861

„Брако“ продолжува со инвестиции за модернизација на машинскиот парк – завршена обуката за управување со најсовремената ЦНЦ „Хартфорд“ глодалка, производството започнува наскоро

Објавено во: Мои пари 27 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Повеќедневната практична обукана инженерско - техничкиот тим на „Брако“ му овозможи запознавање и стекнување на  потребните знаења и вештини за сите можности што ги нуди најсовремениот глодачки ЦНЦ центар од палетата на „Хартфорд“. Станува збор за една од најновите инвестиции во машинскиот парк на „Брако“ во Велес,  во вредност од половина  милион евра.

Со купувањето на оваа машина, спроведената обука на операторите и скорото пуштање во употреба, „Брако“ уште еднаш ја потврдува својата тенденција за модернизација и забрзано технолошко развивање на компанијата, како еден од начините да се зголеми продуктивноста и да се биде поконкурентен на регионалниот и европскиот пазар. Оваа ЦНЦ машина потполно ќе одговори и на најспецифичните барања од страна на клиентите.

„Машината е конструирана за изработка на повеќе различни операции и има можности за машинирање на големи метални конструкции со димензии до 6000 мм и тежина до 18000 килограми. Преку обуката и мерните проби се докажа точноста и можностите со кој располага овој машински центар за извршување на најразлични операции како глодање, бушење, режење навој, фино развртување и контрола на машинските позиции со специјален уред Reni Shaw. Машинскиот центар има точности во микрони и со тоа има можност да изработува делови со големи толеранции и точности,“ вели машинскиот инженер Славчо Митревски, одговорен на одделот за машинска обработка во „Брако“.

„Ентузијазмот и високата мотивација на младите инженери во ’Брако’ направија обуката да заврши во рекордно време. Наскоро започнуваме со сериско производство на машинирани метални конструкции, со оглед на тоа што веќе имаме склучено договори со повеќе клиенти. ’Брако’ е компанија која и понатаму ќе продолжи да инвестира во современа машинска технологија,“ вели Перо Колев, Технички директор на Секторот за тешки метални конструкции.

Инсталацијата и обуката беа спроведени од стручни лица од турска и бугарска компанија, чие реноме е изградено со професионалната работа поврзана со продажба и монтажа на премиум ЦНЦ машини.

Велешки „Брако“ постои од 1947 година, а најголемата експанзија ја доживува последните 20 години. Во овој период, со континуирани инвестиции во најсовремена технологија „Брако“ создава квалитет во сите свои производствени програми кои се однесуваат на производство  на возила за одржување на хигиена во урбани средини, производство на опрема за хидроелектрани и други видови енергетски капацитети, производството на жичани производи и медицински помагала.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“