08 Мај, 2024
0.0224

Бовин A'gupka Vranec, прогласено за едно од најдобрите вина на светот во својата категорија

Објавено во: Мои пари 26 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Голем интернационален успех на македонската винарија Бовин. Оваа година во која Бовин прославува јубилеј 20 години од своето постоење, добиено е престижното признание Grand Gold, на еден од најважните вински натпревариво светот MUNDUS VINI, кој се одржува во Германија, а на кој учествуваат вина од целиот свет.

Винаријата Бовин наградата ја доби за црвеното вино 2012 A'gupka Vranec со потекло од Тиквешкиот регион, и се најде меѓу 33-те победници.https://www.meininger.de/en/wine/2012-agupka-vranec-tikves-wcgo

 Бовин исто така е добитник и на наградата MUNDUS VINI“Best of Show” award. http://bit.ly/AwardCeremony2018list

Високо квалификувано меѓународно жири составено од 270 вински експерти од целиот свет, енолози, винопроизводители, професионални трговци со вино, сомелиери и стручни новинари од 44 различни земји, повеќе од 6 дена, на “слепо” (blind testing) дегустираа, евалуираа и оценуваа 6770 вина, од над 150 вински реони од различни делови на светот, вина од познати вински региони од Австралија, Аргетина, Чиле, САД, Франција и многу други земји.

Вината се оценуваа според категоријата во која припаѓаат, потеклото, нивото на квалитет и вкус, и се евалуираа во согласност со стандардите за оцена на Меѓународната организација за вино (OIV), која е признаена и од Интернационалната Унија на Енолози (UIOE).

Важно е да се напомене дека Бовин и минатата 2017 година доби златен медал за виното My Way на истиот натпревар.https://www.meininger.de/en/wine/2011-my-way


Можеби ќе ве интересира

Одбројуваме уште 15 дена до Конференцијата за комерцијални недвижности

Одбројуваме уште 15 дена до Конференцијата за комерцијални недвижности

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“