Борисов се сретна со Ердоган со цел да бара азил во Турција?
Објавено во: Балкан 07 Јули, 2021 15:49
Медиумите во соседна Бугарија пишуваат дека екс премиерот Бојко Борисов сакал да добие азил во Турција.
По средбата на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, на која немаше бугарско знаме, порталот „Сега.БГ, оценува дека посетата на 3 јули била со цел да се обезбеди азил за Борисов во Турција.
На Фејсбук, Борисов искажал благодарност за фактот дека пред неколку години Турција не дозволила мигрантите да преминуваат во Бугарија.
„Точно е дека според протоколот, едниот е шеф на државата, а другиот веќе нема официјален став, но нагласувањето на оваа разлика само покажува дека целта на посетата не била зајакнување на односите меѓу двете земји, туку Борисов да си ја заврши својата работа“, пишува бугарскиот портал.Медиумот коментира дека Ердоган иако бил љубезен, не покажал почит кон Борисов. Ердоган го пречека Борисов со две турски знамиња, наместо со турско и бугарско. Ова го налути европратеникот Ангел Џамбаски кој му забележа на Борисов дека дозволил да биде пречекан со две турски и ниту едно бугарско знаме во неговата резиденција. Џамбаски рече дека Борисов отишол „да му ја бакне раката на Султанот“.
Можеби ќе ве интересира
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?
ПАДНА ВЛАДАТА НА РОСЕН ЖЕЛЈАСКОВ: По масовните протести, бугарската влада си поднесе оставка
Вучиќ ќе се враќа на премиерското столче? „Немам намера да менувам Устав, но...“




