„БОРЦИТЕ НА АЗОВ ТРЕБА ДА БИДАТ ОБЕСЕНИ-ЗАСЛУЖУВААТ ПОНИЖУВАЧКА СМРТ“: Која е вистината за нападот на затворот во Оленивка
Објавено во: Свет 17 Август, 2022 12:04
Поминаа повеќе од две недели од едно од најстрашните воени во војната во Украина.Русија и Украина продолжуваат меѓусебно да се обвинуваат за него. Знаеме ли доволно денес за да кажеме кој е навистина виновен за нападот? Се работи за напад на затворот, односно казнената колонија во селото Оленивка во окупираниот дел на украинската област Доњецк, што се случи ноќта меѓу 28 и 29 јули.
Сепаратистите од самопрогласената Народна Република Доњецк објавија дека во артилериски напад загинале 53 украински воени заробеници, а уште 75 се ранети. Ја обвинија украинската армија за масакрот на украинските војници, кои очигледно биле убиени додека спиеле.
„Воено-политичкото раководство на Украина јасно одлучи да се ослободи од непотребниот товар“, го објасни наводниот мотив на украинската страна портпаролот на сепаратистите, додека портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков изјави дека целта на Нападот, наводно извршен од американскиот повеќеракетен систем ХИМАРС, бил „обид да се заплашат украинските сили да не се предаваат“.
#Azov militants deserve execution, but death not by firing squad but by hanging, because they’re not real soldiers. They deserve a humiliating death.
— Russian Embassy, UK (@RussianEmbassy) July 29, 2022
A married couple from Mariupol tell how they were shelled by forces from #Azovstal. #StopNaziUkraine https://t.co/jyQGEOJFYz
Друг мотив, според овој наратив, е да се замолчат самите затвореници, и да не можат на суд да ги признаат воените злосторства што наводно ги извршиле врз цивили во одбраната на Мариупол.
Во деновите пред масакрот, руските пропагандисти почнаа да објавуваат видеа на кои затворениците признаваат дека извршиле злосторства врз цивили, за што добиле директна наредба ни помалку ни повеќе туку од претседателот Володимир Зеленски.
Значи, уверуваат Русите, Украина одлучи да ги елиминира војниците кои ги слави како херојски бранители кои речиси три месеци се спротивставуваа на далеку понадмоќните агресори, прво на улиците на градовитет, како и во фабриката за челик Азовстал, која ја претворија во непробојна тврдина.
Во исто време, руската амбасада во Лондон на Твитер објави дека „борците од Азов заслужуваат да бидат погубени, но не со огнено оружје, туку со бесење“, бидејќи „тие не се вистински војници и заслужуваат понижувачка смрт“.
Украинците, очекувано, го отфрлија ова обвинување и ја обвинија руската страна за нападот. Зеленски го нарече „намерно руско воено злосторство“ за кое украинската војска тврдеше дека има за цел „да ги скрие тортурата и убивањето на затворениците“.
Можеби ќе ве интересира
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете
Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела




