27 Јули, 2024
0.0834

БОНУС ОД 3.000 ДЕНАРИ ЗА СЕКОЈ ШТО ВО ЈУНИ БАРЕМ 10 ПАТИ ЌЕ ДОЈДЕ СО ВЕЛОСИПЕД НА РАБОТА: Една македонска компанија ги повика вработените да одберат „eco-friendly“превоз

Објавено во: Македонија 09 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Седум милијарди луѓе во светот трошат различни количини од ресурсите на планетата. Според предвидувањата на Обединетите нации, во светот би можело да има 9,7 милијарди луѓе до 2050 година, а повеќе од 11 милијарди до 2100 година. Како што расте населението, се зголемуваат емисиите и ресурсите на планетата се исцрпуваат.

Зголемените емисии на стакленички гасови директно влијаат на глобалното затоплување. Ги забрзува климатските промени, кои имаат катастрофален ефект врз нашата планета. Сите ние можеме да придонесеме во борбата против глобалното затоплување со донесување одлуки погодни за климата во нашиот секојдневен живот.

За јаглероден отпечаток првпат проговори нафтената компанија Бритиш Петролеум, а идејата беше толку добра што терминот брзо почна да се користи во сите делови на светот.

Како дел од кампањата оваа компанијата уште во 2004 година го претстави својот „калкулатор за јаглерод отпечаток“ кој проценува како вообичаениот секојдневен живот на поединецот, работата, купувањето намирници, транспортот е одговорен за глобалното затоплување. Со помош на калкулатор, секој поединец може да пресмета колку стакленички гасови испушта врз основа на личните навики. Ова е многу важно, бидејќи ако секој од нас знае колку нашите навики влијаат на климатските промени, би можеле да ги промениме тие навики, а со тоа да ги намалиме своите емисии и со тоа да ги ублажиме климатските промени.

Намалувањето на глобалниот отпечаток на јаглерод бара интегриран пристап кој комбинира намалување на потрошувачката на енергија, намалување на интензитетот на стакленички гасови во секторите за крајна употреба (транспорт, индустрија, урбано живеење...)

Во овој контекст една од компаниите во Македонија која посветува големо внимание на животната средина е Макстил која пред три дена беше прогласена за најеколошка компанија во Општина Гази Баба.

-Ова признание ја истакнува нашата посветеност кон еколошка одржливост и нашите напори за создавање зелена иднина за сите, истакнуваат од Макстил.

Една од целите на Макстил е и намалување на јаглеродниот отпешаток, па во јуни ги повикаа своите вработени наместо автомобил, да користат велосипед или тротинет за да дојдат на работа.

За оние кои барем 10 пати во текот на јуни користат „eco-friendly”, следува бонус од 3.000 денари.

-Овој месец, ги поттикнуваме нашите вработени да одберат “eco-friendly” превоз до работа и сите заедно да придонесеме за намалување на јаглеродниот отпечаток. Со велосипед до позелена иднина.

-Овој месец ве покануваме да ги оставите своите автомобили дома и да дојдете на работа со белосипед или тротинет. Да ги негуваме здравите животни навики, да ја зачуваме животната средина и да ги намалиме емисиите на СО2 во воздухот. Секој од вас кој најмалку 10 дена во месецот ќе доаѓа на работа со велосипед или тротинет ќе биде награден со бонус од 3.000 денари, апелира Макстил.


Кој е всушност одговорен за емисиите на јаглерод диоксид?

Поединците секако влијаат на емисиите на стакленички гасови, но тие не се ни приближно најголемите загадувачи во светот.

Производителите на фосилни горива очигледно имаат најголемо влијание врз климатските промени. Она што е најсигурно е дека сè додека целиот систем се заснова на употреба на фосилни горива, не може да се очекува дека поединците можат значително да влијаат на намалувањето на концентрацијата на јаглерод диоксид во атмосферата со менување на сопствените навики, но во голема мера може да дадат свој придонес.

Малите промени можат долгорочно бидат корисни, на пример кога станува збор за транспорт, храна, облека, отпад итн. Еве неколку совети:

Ограничете ја потрошувачката на месо, особено говедско месо

Користете кеси за повеќекратна употреба и избегнувајте производи со прекумерна пластична амбалажа

Купете го само она што ви е потребно за да избегнете создавање отпад

Возете велосипед или користете јавен превоз

Патувајте со воз наместо со авион

Исклучете ја електронската опрема и не оставајте го телефонот на полначот ако батеријата е веќе наполнета

Изберете енергетски ефикасни производи со ознака „А“ (ознака за енергетска ефикасност на ЕУ)

Ограничете го и рециклирајте го отпадот

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

СЕ СЛИКАЛЕ СО ОРУЖЈЕ И ОБЈАВУВАЛЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ - претрес кај двајца полициски службеници

СЕ СЛИКАЛЕ СО ОРУЖЈЕ И ОБЈАВУВАЛЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ - претрес кај двајца полициски службеници

МУЦУНСКИ ГО РАЗРЕШИ ВНУКОТ НА АХМЕТИ: Дрин заминува порано од амбасадата во Брисел

МУЦУНСКИ ГО РАЗРЕШИ ВНУКОТ НА АХМЕТИ: Дрин заминува порано од амбасадата во Брисел

ИЗБРАНО НОВО РАКОВОДСТВО НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ: Еве кој ќе го води

ИЗБРАНО НОВО РАКОВОДСТВО НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ: Еве кој ќе го води

НЕКОЈ ИМ СЕ ЗАКАНУВАЛ НА ПРАТЕНИЦИ: Добиле порака со заканувачка содржина

НЕКОЈ ИМ СЕ ЗАКАНУВАЛ НА ПРАТЕНИЦИ: Добиле порака со заканувачка содржина

ПРЕТРЕС КАЈ ДВАЈЦА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ: Пронајдени автоматска пушка, два пиштоли и друго оружје

ПРЕТРЕС КАЈ ДВАЈЦА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ: Пронајдени автоматска пушка, два пиштоли и друго оружје

„ЈАС СУМ СЛОБОДНА, ЗОШТО МИСЛИТЕ ДЕКА НЕ СУМ?“: Катица Јанева вели од 2022 оди на викенди

„ЈАС СУМ СЛОБОДНА, ЗОШТО МИСЛИТЕ ДЕКА НЕ СУМ?“: Катица Јанева вели од 2022 оди на викенди

ЕЗЕРОТО МЛАДОСТ УМИРА: Водата е фекално загадена

ЕЗЕРОТО МЛАДОСТ УМИРА: Водата е фекално загадена

ПОРАНЕШЕН ЗАТВОРЕНИК СТАНА ЗАМЕНИК ДИРЕКТОР НА ЗАТВОРОТ ИДРИЗОВО: Левица со обвинување

ПОРАНЕШЕН ЗАТВОРЕНИК СТАНА ЗАМЕНИК ДИРЕКТОР НА ЗАТВОРОТ ИДРИЗОВО: Левица со обвинување

ДЕСЕТ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ ДОБИЈА НОВИ В.Д. ДИРЕКТОРИ: Еве кои се

ДЕСЕТ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ ДОБИЈА НОВИ В.Д. ДИРЕКТОРИ: Еве кои се