БОГАТСТВОТО НА РУСКИТЕ МИЛИЈАРДЕРИ СЕ ЗГОЛЕМУВА: Како им успеа?
Објавено во: Економија 02 Јуни, 2025 19:12
Богатството на руските милијардери се зголеми за 22,6 милијарди долари од почетокот на годината, според индексот на милијардери на Блумберг.
Според овие податоци, богатството на еден од главните сопственици на компанијата „Норилск Никел“, Владимир Потанин, најмногу се зголемило, за 3,82 милијарди долари, со што достигнало бројка од 31,7 милијарди долари, така што тој го задржал првото место на ранг-листата на најбогатите Руси, објави РИА Новости.
Индексот се пресметува врз основа на цените на акциите на компаниите во кои милијардерите поседуваат акции.
Индексот на милијардери на Блумберг ги вклучува 500-те најбогати луѓе во светот, а во моментов вклучува 22 руски државјани со вкупно богатство од 317,7 милијарди долари од 2 јуни.
Ко-сопственикот на „Лукоил“, Вагит Алекперов, кој го зголемил своето богатство за 561 милион долари од почетокот на 2025 година, на 25,9 милијарди долари, останува на второто место меѓу најбогатите Руси.
На десеттото место на листата на најбогати Руси е основачот на платформата Телеграм Павел Дуров, чие богатство се зголеми за 2,03 милијарди долари од почетокот на годината на 13 милијарди долари.foto Suhtterstock/Julenochek
Можеби ќе ве интересира
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји
Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје
„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз
(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“
Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?




