18 Декември, 2025
0.0905

Бочварски: Усвоени законските измени во Владата, фотоволтаици ќе поставува секој без дозвола од општината

Објавено во: Економија 30 Август, 2022 13:44

Добивај вести на Viber

Благој Бочварски, министерот за транспорт и врски, на денешната прес-конференција објави дека Владата ги усвоила измените на Законот за градбба, со кои домаќинствата и компаниите ќе може да поставуваат фотонапонски централи на своите објекти без дозволи, односно решенија од матичните општини.

„Се наоѓаме во сериозна светска енергетска криза, како министерство сме во контакти за обезбедување на најповолни услови за секој граѓанин да постави електроцентрали на своите објекти. И во постоечкиот закон има процедура, но најчесто од општината како локална самоуправа, но во ова време  неизвесноста обврзува поповолни и поедноставни процедури“, рече Бочварски.

Законските измени ќе бидат доставени до Собрнаието и Бочварски ги повика сите пратеници да се вклучат проактивно. Министерот очекува по овој закон да се расправа уште на првата седница во септември.

Фотонапонските централи можат да бидат поставени кај домаќинствата до 6 киловати и кај правните лица до 40 киловати, а на колективните згради може да се постават од страна на заедницата на станари, но електричната енергија да се користи само за заедничките простории. На граѓаните нема да им биде потребно одобрение или решение од општината. Инвеститорите треба само да ја известат матичната општина и да достават извод од централен регистар доколку се работи за фирма, или копија од лична карта ако се рбаоти за физичко лице. Потребен ќе биде и имотен лист за објектот или договор со сопственикот на објектот, како и основен проект за поставување на фотонапонска електроцентрала.

„Мора да се ангаќира лиценциран изведувач кој ќе одговара кривично ако централите надминуваат 6, односно 40 киловати. Приклучокот се приклучува до ЕВН, а контрола врз градбата ќе вршат градежните инспектори. Со ова би сакал да потенцирам дека излегуваме во пресрет на комортите, бизнис-секторот, компаниите и граѓаните, а неискористената енергија на домаќинствата се враќа во енергетскиот сектор, односно се впушта во системот“, наведе Бочварски.

Тој додаде дека е информиран и од министерот за економија Крешник Бектеши дека се скратува и процедурата во ЕВН за обезбедување приклучок со фото-централата која одземаше време.

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје