„Bloomberg“: Златото поскапува шест дена по ред
Објавено во: Економија 25 Март, 2015
Цената на златото на светските пазари се зголемува шести ден по ред, пренес „Bloomberg“.
Благородните метали се продаваат на Њујоршката стокова берза за 1197,67 долари за унца, а за април 2015 година поскапеле за 0,5%, достигнувајќи до 1197,3 долари за унца.
Експерти од „Bank of America Merril Lynch“ им препорачаа на инвеститорите да купуваат злато, бидејќи се претпоставува дека поради падот на американската валута, златото ќе продолжи да поскапува.