Благој Бочварски згрозен од неговите сограѓани
Објавено во: Македонија 02 Април, 2020
Благој Бочварски, градоначалникот на Штип, на Фејсбук напиша дека е згрозен од неговите двајца сограѓани за кои беше објавено видео како насилно се пресметуваат со млада девојка.
„Почитувани сограѓани, Згрозен и потресен сум од снимките со крајно вознемирувачка содржина кои прикажуваат насилство врз девојче, а кои очигледно се случиле во нашиот град. Силно го осудувам овој одвратен, примитивен чин на насилство.
Информиран сум дека службите веќе ги лоцирале сторителите на ова нечовечко дело и дека насилниците веќе се приведени. Ова злодело мора да биде најстрого казнето за повеќе никогаш да не се повтори“, напиша Бочварски.
МВР информираше дека сторителите се приведени. Бирото за јавна безбедност постапува, исто како и Центарот за социјални работи.