03 Август, 2021
0.0175

Бизнисот со самопослуги во корона криза порасна до 170 милиони евра! Кои се најголемите ланци супермаркети?

Објавено во: Економија 18 Мај, 2021

Осум домашни ланци самопослуги лани заедно оствариле приходи од продажба вредни над 680 милиони евра. Секоја од овие компании имала приход поголем од 50 милиони евра. Очигледно дека корона кризата на овој бизнис се одразила позитивно затоа што кај седум од нив продажбата расте, а кај пет расте и добивката

Здравствената пандемија беше катализатор за одлична година за најголемите македонски ланци на супермаркети. Што им е заедничко на „КАМ“, „Тинекс“, „Веро“, „Киппер маркет“, „Жито“, „Кит го“ и „Рамстор“? Тоа што од продажба на мало прават приходи поголеми  од 50 милиони евра, а помали од 170 милиони евра.

Официјалните достапни податоци за ланското работење на најголемите домашни ланци супермаркети (или самопослуги како што ги нарекувавме порано) покажуваат дека дури осум ланци супермаркети лани имале приходи од продажба поголеми од 50 милиони евра.

Дури седум ланци супермаркети имаат раст на приходите од продажба лани во споредба со 2019 година.

Меѓу нив пет ланци супермаркети бележат зголемен профит во споредба со 2019 година, а најголем релативен раст на добивка е 79 отсто!

Да почнеме со ред...

КАМ ДОО и лани останува најголем учесник на пазарот на малопродажба на стоки за широка потрошувачка со посебен аспект на храна и пијалоци. Приходот на оваа компанија, која повеќе од 20 години се води од принципот на „хард маркет“ со низок трошок за ниски цени лани инкасираше 169,6 милиони евра од продажба на стоки во своите самопослуги ширум земјава.Тоа е за 14 отсто повеќе од претходната година. Добивката на компанијата сопственост на основачот Гоце Камчев и „Камфуд“ лани изнесува 4,9 милиони евра што е за 1,5 отсто повеќе од претходната година.

Тинекс – МТ останува втор најголем ланец на самопослуги во Македонија. Лани приходите од продажба пораснале за 5 отсто во споредба со претходнаа година и достигнале 96,9 милиони евра. Профитот на компанијата чиј основач и сопственик е Владимир Тодоровиќ изнесува 3,6 милиони евра и тоа е за 27,5 отсто подобар резултат од претходната година.

Популарниот Веропулос т.е. Веро маркети е на трето место лани според остварените приходи од продажба. Тие изнесувале 88,3 милиони евра и се за 6 отсто повисоки од претходната споредбена година. Овој ланец маркети е најпрофитабилната компанија во конкуренцијата. Лани добивката пораснала за 28 отсто и достигнала 10,5 милиони евра. И во 2019 година година оваа компанија беше најпрофитабилна во конкуренцијата.

Голем исчекор напред лани направија Стокомак и Киппер маркети. И двата ланци бележат растови на приходите повисоки од 20 отсто. Стокомак лани има приходи од продажба кои достигнаа 78,2 милиони евра што е за 28 отсто повеќе од претходната година. Добивката на овој ланец маркети чии сопственици се Зоран и Ѓурга Ѓеоргиеви лани изнесуваше 3 милиони евра. Стокомак лани го има најголемиот релативен раст на профит во конкуренција на сите компании и тој изнесува 79 отсто.  Компанијата на Висар Јакупи и на Алајдин Даути лани оствари профит од 3,4 милиони евра што е за 30 отсто подобро од 2019 година. Приходите на Киппер маркети лани достигнаа 72,7 милиони евра.

Следи штипскиот гигант Кит Го кој е фокусиран на источните, јужните и централните делови од Македонија. Лани компанијата на Кирил Гогов оствари приход од продажба во износ од 65,2 милиони евра што е за 3 отсто повеќе од 2019 година. Добивката на друштвото изнесува 2 милиони евра што е за 18 отсто помалку од претходната година.

Велешката компанија „Жито“ која има ланец маркети ширум земјава лани ја одржа својата пазарна позиција. Продажбата порасна за 4 отсто до ниво од 57,2 милиони евра, а профитот изнесуваше 1,86 милиони евра што е за 2 отсто помалку од претходната година. Сопственик на оваа компанија е велешанецот Јованче Ѓошевски.

Во групата најголеми ланци на супермаркети е и Рамсторе во кој лани имаше и сопственичка промена при што во структурата влезе домашната компанија „Евроасија“ на Адемоски и се приклучи на „Рамсторе Бугарија“. Лани оваа компанија имаше приход од 53, 6 милиони евра и профит од 300.000 евра.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЕБОР и партнерите со поддршка на зелените инвестиции и бизнисите во Северна Македонија

ЕБОР и партнерите со поддршка на зелените инвестиции и бизнисите во Северна Македонија

До сега собрани 6,5 милиони евра од регистрација на возила со бугарски таблички

До сега собрани 6,5 милиони евра од регистрација на возила со бугарски таблички

ЦРНA ГОРА ИМА 58 МИЛИОНЕРИ! Најбогатиот од нив чува неверојатна сума пари во банка!

ЦРНA ГОРА ИМА 58 МИЛИОНЕРИ! Најбогатиот од нив чува неверојатна сума пари во банка!

Македонија, Србија и Албанија ќе имаат заедничка поштенска марка, но и една цена за услугите на пратки?

Македонија, Србија и Албанија ќе имаат заедничка поштенска марка, но и една цена за услугите на пратки?

Поради зголемувањето на јавниот ќе дојде време да не може да ги сервисираме долговите, смета Никола Поповски

Поради зголемувањето на јавниот ќе дојде време да не може да ги сервисираме долговите, смета Никола Поповски

Горан Трајановски ќе го пробива Телеком Србија на македонскиот пазар

Горан Трајановски ќе го пробива Телеком Србија на македонскиот пазар

„Фактор“ рангира: Колку пари прават најголемите компании чии акции се тргуваат на берзата?

„Фактор“ рангира: Колку пари прават најголемите компании чии акции се тргуваат на берзата?

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОРАСНА, АМА МАЛКУМИНА СЕ НАД НЕА - само 35 отсто вработени имаат повеќе од просекот

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОРАСНА, АМА МАЛКУМИНА СЕ НАД НЕА - само 35 отсто вработени имаат повеќе од просекот

Како „Макстил“ доби крилја? Профитот порасна за шест пати во споредба со лани!

Како „Макстил“ доби крилја? Профитот порасна за шест пати во споредба со лани!