27 Април, 2024
0.0285

Бизнис–бомбoна! Кој прави стотици илјади евра профит од производство на зелена струја

Објавено во: Економија 09 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Повластена цена ( без ризик од волатилност што ја носи отворениот пазар н.з.), гаранција од државата за редовна исплата, загарантиран откуп на цела количина во рок од најмалку 15 години, без ризик да се плати казна кога нема да се испорача најавената количина... Нели е тоа бизнис бомбона?

Производството на електрична енергија од сонце, вода и од биогас по привилегирани цени може да биде многу профитабилен бизнис во кој половина или повеќе од половина од приходот останува како профит за компаниите кои се занимаваат со производство на електрична енергија. Тие фирми се како „бубрези во лој“ затоа што благодарејќи на еколошката компонента имаат: загарантиран откуп по привилегирани цени, цените им се загарантирани за период од 15 или повеќе години и не се баласно одговорни производители (односно не плаќаат пенали доколку не испорачаат количина електрична енергија како што најавиле дека ќе произведат).

Истражувањето на „Фактор.мк“ покажа дека 13 компании - производители на електрична енергија од обновливи извори со повластени цени за откуп на струјата во 2018 година оствариле профит од работењето во износи поголеми од 100.000 евра.

Најинтересно е тоа што дури пет компании имаат профитни маргини повисоки од 50 отсто (профит од приходи) и уште три компании профитни маргини (профитото да изнесува најмалку 40 отсто од приходот).

Помеѓу овие компании, кои оствариле профит од најмалку 100.000 евра  има производители кои струја произведуваат од сонце, од вода и од биогас.

Во апсолутен износ најголем профит има битолската компанија која произведува струја од биогас „Пелагонија Енерџи“ (фирма во сопственост на земјоделскиот комбинат ЗК „Пелагонија“). Нејзиниот инсталиран капацитет е 6 мегавати, а користи повластена тарифа за 5 мегавати капацитет. Во 2018 година оваа компанија имала приход од 10,7 милиони евра, а профитот е 26 отсто од приходот и изнесува 2,8 милиони евра. Ова е најголемиот производител на „зелена струја“ од биогас.

По 600.000 евра профит од производтство и продажба на струја по повластена цена имаат две компани кои поседуваат мали хидроелектрани. Едната компанија се вика МХЕ ЕМК и според нашиот увид во податоци достапни на сајтот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) имаат над 3 мегавати инсталиран капацитет за производство на струја. Нејзиниот приход лани изнесува 1,4 милиони евра, а профитот е 600.000 евра односно 43 отсто од приходот. Сопственик на оваа компанија е странското друштво „Енерџи Истерн Јуроп Хидро пауер“. Другата компанија е Хидро Енерџи Груп и таа е сопственост на две домашни друштва: ЏСП Актуел ДООЕЛ и Хидроват ДОО. Ова друштво лани имало приход од 1,1 милиони евра, профит од 600.000 евра и профитна маргина од 55 отсто.

Од другите компании со профит поголем од 100.000 евра на листата се уште следните производители : МХЕ , ЕЛ ТЕ Хидро, Сол Хидро пауер и Вардар Хидро.

Од овие друштва најголем профит во 2018 година остварил Сол Хидро пауер и тој изнесува 456.000 евра и е 24 отсто од приходот кој изнесува 1,9 милиони евра. Според увидот во евиденцијата оваа компанија управува со генератори за производство со инсталирана моќност од 8 мегавати, а сопственик е странската компанија СОЛ Спа. МХЕ е компанија во сопственост на „Феро Инвест“ и „Гранит“ и лани имала приход од 1,5 милиони евра и профит од 104.000 евра. Ова е компанија со најмала профитна маргина во споредба со другите повластени производители –  таа изнесува само 7 отсто од приходот. Вардар Хидро е домашна компанија во сопственост на фирмите: Вардар Градба, Електролаб и Аскинг. Таа лани остварила профитна маргина од 40 отсто од приходите кои изнесувале половина милион евра. Добивката на компанијата е 200.000 евра. ЕЛТЕ Хидро е компанија со приход од 4017.000 евра од кои добивка е 128.000 евра. Нејзината профитна маргина во 2018 година е 31 отсто, а инсталираниот производен капацитет надминува 1,3 мегавати. Сопственик е скопската компанија „ЕЛТЕ Инженеринг“.

Кој најмногу го греело сонцето ?

Од производителите на „зелена струја“ од сонце особено се издвојуваат компаниите АБ Солар, Мега Солар и Торпедо Солар . Најдобра профитна маргина односно најпрофитабилна компанија во конкуренција на сите 13 фирми кои имаат профит поголем од 100.000 евра има АБ Солар. Оваа компанија имала профитна маргина од 72 отсто од приходите односно изразено во бројки од приход во висина од 384.000 евра остварила профит од 276.000 евра. Оваа компанија има инсталиран капацитет за проиводство на струја од сонце од 1,1 мегавати. Нејзини сопственици се физичките лица Сашо Ефтимоски и Милан Петровски. Торпедо Солар ГТ од Битола во 2018 година остварила приходи од 385.000 евра и добивка од 223.000 евра. Оваа компанија има профитна маргина од 58 отсто од приходите. Нејзини сопственици се Љупчо Трпезановски и Драган Ѓерзовски. Најголем производител од сонце од трите наброени бил Мега Солар кој имал приход од 600.000 евра и добивка од 273.000 евра, односно профитната маргина е 45 отсто од приходот. Сопственик е странската компанија ПВ Инвест Западен Балкан и има инсталиран капацитет од 1 мегават.

Во најпрофитабилните се уште четири компании производители на струја по повластени цени од вода, сонце и биогас. Тие се: Еко Шари, фирма ќерка на „Везе Шари“  производител од биогас со приход од 1,4 милиони евра и добивка од 128.000 евра. ПВ Инвест Западен Балкан лани остварил приход од 263.000 евра и добивка од 167.000 евра, а Монтинг енергетика Тиквеш остварил приход од 571.000 евра и профит од 289.000 евра.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра