29 Април, 2024
0.0266

Бизнис заедницата ќе финансира проекти за мали и средни претпријатија

Објавено во: Мои пари 10 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Врз основа на Законот за рамномерен регионален развој и Програмата на Владата на Република Македонија за рамномерен регионален развој, а со цел зголемување на конкурентноста на планските региони преку поддршка на малите и средни претпријатија и на претприемништвото, во текот на 2014 година формирани се Бизнис Центри за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во рамките на постојните Центри за развој на планските региони. Ваков Бизнис Центар е формиран и во Источниот плански регион во состав на Центарот за развој на Источен плански регион - Штип, кој треба да ги надополни постојните услуги насочени кон бизнис секторот во квалитет - целисходност, применливост и додадена вредност и квантитет - зголемено мени на услуги и опфат на корисници.

Во рамките на проектот на Министерството за локална самоуправа „Иновативни решенија за подобар пристап до услуги на локално ниво“ кој го спроведува Програмата за развoј на Обединетите Нации (УНДП), формиран е Бизнис центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион кој има за цел зголемување на конкурентноста преку поддршка на малите и средни претпријатија и на претприемништвото. Целни групи на проектот се: микро, мали и средни претпријатија, претприемачи, локални власти, здруженија на граѓани и фондации, невработени лица, занаетчии, трговци, членови на кластери и мрежи, економски оператори во регионот, регионални стопански комори, потенцијални заинтересирани странски и домашни инвеститори.

  Во текот на 2015 година Бизнис Центарот при Центарот за развој  на Источен плански регион, спроведе серија на активности се со цел поддршка на бизнис секторот во регионот во насока на поттикнување на економскиот раст и развој во регионот. Како дел од активностите на Бизнис Центарот беа спроведени:

  • Пет информативни и два советодавни настани за приватниот сектор, а беа изготвени и:
  • Водич за инвестиции во Источен плански регион;
  • Програма за развој и поддршка на бизнис секторот во Источен плански регион (2015 - 2020) со Акциски план (2015 - 2016);
  • Комуникациски план за спроведување на Програмата за развој и поддршка на бизнис секторот во Источен плански регион (2015 - 2020).
  • Како дел од активностите на Бизнис Центарот беше изработен и интерактивен веб портал: investineastregion.mk.

Информативните настани имаа за цел информирање на микро, малите и средните компании од ИПР за воспоставениот Бизнис Центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во рамките на Центарот за развој на Источен плански регион, како и активностите кои како дел од овој Бизнис Центар ќе бидат спроведени.

Шестиот информативен настан кој се одржа на 10ти февруари во Штип на тема: „ПРОЕКТИ ЗА МСП ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ХОРИЗОН 2020“ претставува продолжување на серијата успешно организирани информативни настани во рамките на активностите на Бизнис Центарот. Воспоставувањето на овој Бизнис Центар е од огромно значење за целиот Источен плански регион затоа што со него бизнис секторот од регионот доби Центар кој ги надополнува постојните услуги кои ги нуди Центарот за развој на Источен плански регион, истовремено нудејќи нови, дополнителни услуги кои имаат за цел зајакнување на микро, малите и средните компании лоцирани во регионот.

Денешниот шести по ред информативен настан има за цел да ги запознае нашите компании со ЕУ Програмата ХОРИЗОН 2020 и компаниите да добија информации зошто ЕУ ја спроведува оваа програма, како се спроведува истата, кои компании можат да учествуваат и како тече апликациониот процес за ХОРИЗОН 2020. Бизнис Центарот за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион и Центарот за развој на Источниот плански регион и понатаму ќе продолжат со организирање на вакви информативни настани со цел зголемување на конкурентноста на малите и средни претпријатија од регионот.

Можеби ќе ве интересира

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид