БИЗНИС МУАБЕТИ НА ФАКТОР СО ЗЛАТКО МУЦУНСКИ, ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА ПОРШЕ МАКЕДОНИЈА: Откри колку пари се вртат во автомобилската индустрија и зошто не влезе Ауди во земјава
Објавено во: Економија 13 Септември, 2024 09:04
Бизнис муабети на Faktor.mk со генералниот директор на Порше Македонија, Златко Муцунски. Колку пари врти автомобилскиот бизнис во Македонија? Колку автомобили годишно се продаваат кај нас. Колку чини најскапиот автомобил продаден во Македонија? Како и зошто не дозволивме влез на Ауди во Македонија? Гледајте Бизнис муабети денес на Фактор.
На прашањето кој е најскапиот автомобил во Порше Македонија, Муцунски открива дека тоа е Порше Спајдер 918 кој што го нема во понудата во земјава.
„Го немаме во понудатаз атоа што нема интерес. Се работи за исклучително скап автомобил, со вредност од околу еден милион евра. Тоа што овде може да се пласира и за кое имаме интерес е Порше 913 ГТ3 рс. Тука зборуваме за вредност од 250/300 илјади евра. Имаме граѓани што можат да си дозволат луксуз за автомобил, но за жал такви се премалку“, вели тој.
Муцунски вели дека Порше не е дојден во Македонија во потрага по брз пофит, туку е дојден за да остане.
„Неодамнешните финансиски резултати кои се јавно објавени од минатата година зборуваат за еден многу голем промет од 92,5 милиони евра, меѓутоа, профитабилноста е под пет проценти. Тоа значи дека не ги огрануваме граѓаните, што значи дека многу убаво ги плаќаме вработените, за да бидт задоволни, затоа што на крајот само задоволни вработени можат да креираат задоволни клиенти“, вели тој за Бизнис муабети на Фактор.
Во разговорот кажа и колку возила се продадени во Словенија, а колку во Македонија. Таму се продадени неверојатни 50 илјади нови возила, а во Македонија 6/8 илјади возила.
На прашањето колку пари врти автомобилската индустрија во светот, Муцунски вели дека во убавите времиња се продавале и 100 милиони возила годишно.
„ Во убавите времиња се продаваа и до 100 милиони возила годишно од кои што Фолксваген произведуваше 10 милиони, Тојота 10 и другите играчи на пазарот помалку. Во моментот е околу 65 до 70 милиони возила годишна продажба. Во пари тоа е од 1,5 трилиони долари отприлика. Ако Македонските пропорции ги ставиме во равенката, ние ке бидеме една капка во океанот.
Иванов ги спомена и златните времиња, кога се најавуваше доаѓањето на Ауди, за што Муцунски истакна дека како млад инженер бил член на тимот што ја работел визибилити студијата за влез на ауди на мк пазар беше драгоцено искуство и разочарување за да се види колку една држава знаеше да оди против себе самата. На многу тенка граница бевме до влезот на Ауди во Македонија.
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година




