13 Декември, 2025
0.0365

Битолско млеко и Битолски јогурт повторно прв избор на потрошувачите

Објавено во: Мои пари 06 Декември, 2023 13:04

Добивај вести на Viber

Битолски јогурт и Битолско млеко веќе четврта година со ред ја уживаат довербата на македонските потрошувачи и се најпознатите брендови за 2023 година во соодветните категории, според истражувањето спроведено од агенцијата Инсајдер ИД. Двата бренда на Бимилк, застапени во ова истражување се истакнуваат со најголема препознатливост кај потрошувачите, во споредба со сите брендови од категориите млеко и јогурт, присутни на македонскиот пазар од домашно и странско производство.

Истражувањето е спроведено кај 1 200 потрошувачи низ целата држава преку директно интервјуирање. Опфатени се брендови од домашно и странско потекло, кои се поделени во 16 категории. Категориите млеко и јогурт се едни од најконкурентните категории и со постојан раст на учесниците на пазарот.

Брендовите на Битолска млекара се издвојуваат на пазарот и заземаат значајна позиција во перцепцијата на македонскиот потрошувач како резултат на долгогодишно искуство во производството, проследено со континуирано унапредување на квалитетот, подигнување на стандардите, модернизација на технолошките процеси и следење на потребите на потрошувачите.

Истражувањето на Инсајдер ИД за препознатливоста на брендовите меѓу македонските граѓани се спроведува четири години по ред со што се следи динамиката и развојот на скалата на препознатливост. Исто така, континуитетот на истражувањето дава и значаен увид во потрошувачките навики како и приврзаност на потрошувачите кон квалитетот на производот и вредностите кои ги претставува.

Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија