Битолската Квасара ќе купува фотопанели и турбини за струја за 3 милиони евра
Објавено во: Економија 28 Јуни, 2022 07:30
Енергетската криза но и можноста за добра заработка „го принуди“ Собранието на акционери на битолска Квасара да се задолжи со 3 милиони евра кај комерцијалните банки за изградба на фотоволтаични централи и создавање на услови за инсталирање на парни турбини за производство на електрична енергија.
Инвестиционото вложување во енергетиката ќе се состои во изградба на фотоцентрала на земја, фотоцентрали на покривот, како и реконструкција на складиштето за гориво, котелот на биомаса и мазутните котли, со што би се овозможило производство на електрична енергија со парни турбини, објави претпријатието како берзанска информација.
„Со новото инвестициско вложување од 3.000.000 евра, вкупното рамковно вложување и задолжување од комерцијалните банки ќе изнесува 7.000.000 евра, или 72,75 отсто од имото на друштвото со состојба утврдена од податоците од годишната сметка за 2021“, се вели во известувањето.
Приходот од продажба на „Фабрика за квасец и алкохол“ годишно се движи околу 7 милиони евра, а акционерското друштво е една од десетте најголеми компании во Битола..Таа е единствената домашна компанија што произведува квасец и шпирт.
Ова компанија е една од ретките во земјава која и по 30 години од транзицијата од плански во пазарен систем уште на одреден начин се води како во време на Самоуправувањето. Компанијата има повеќе од 200 акционери – домашни физички лица кои поседуваат 97 отсто од акциите со право на глас и нема ниту еден акционер кој поседува над 5 отсто од управувачките права.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?




