13 Мај, 2024
0.0239

Битолска млекара одбележа 60 години постоење

Објавено во: Мои пари 24 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Битолската млекарница „БиМилк“  минатата недела одбележа 60 години од денот на основањето во 1952 година, кога повеќе трговски претпријатија се здружија и го формираа тогашното претпријатие „Млекар“-Битола. Претседателот на групацијата „Данубе-фудс“ - Слободан Петровиќ истакна дека нивните истражувања во трговската мрежа потврдиле дека кога ќе се каже зборот „Битолско“ тогаш се помислува на млеко, односно на традиционалните млечни производи на „БиМилк“. Според генералниот директор на „Млекара“ Битола, Роко Водопија производите на „БиМилк“ денес ги има и надвор од државната граница затоа што битолската млекарница е единствената компанија со сертификат во Република Македонија со доделен извозен број за Европската Унија. - Традиционалните производи се развиваа, го менуваа својот изглед и за краток период прераснаа во марка со препознатлив имиџ, а „Млекара“-Битола прерасна во национален откупувач на млеко и во почитуван преработувачки капацитет на млеко, кој пласира различни висококвалитетни производи на македонскиот пазар. „БиМилк“ е успешна македонска деловна приказна, синоним за квалитет, вели тој. Во портфолиото на млекарницата се 54 најразлични млечни производи, потврдена соработка со повеќе од 1.400 кооперанти, извоз на пазарите во ЕУ, Хрватска, Србија, Косово, но и во САД и Канада. Во последниве две години "БиМилк" изврши набавка и на 700 висококвалитетни јуници од расата „Симентал“ од Австрија кои им овозможија на фармерите да ја зголемат својата продукција од 3.000 на 5.000 литри млеко со извонреден квалитет.

Можеби ќе ве интересира

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

Реализирани 200 бесплатни дермоскопски прегледи на бенки со Mole mah HD

Реализирани 200 бесплатни дермоскопски прегледи на бенки со Mole mah HD

Децата е најважно да ги научиме да размислуваат

Децата е најважно да ги научиме да размислуваат

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ