14 Декември, 2025
0.0414

Битолчани им ја продадоа една од најпрофитните македонски компании на Британци

Објавено во: Економија 01 Октомври, 2021 07:25

Добивај вести на Viber

Една од 100-те најпрофитабилни македонски компании ЕРИ Корпорација е купена од британската Volution Group plc за непозната сума на пари, а новиот сопственик го превзема битолскиот произведувач на опрема за климатизација од браќата  Пецо, Борче и Зоран Талевски, како и од Митко Кокиноски.

ЕРИ Корпорација е четврта најуспешна компанија од Битола според остварениот профит во минатата година. Компанијата која своите производи ги пласира ширум пазарите во Европа лани оствари приходи од 10,7 милиони евра, што е за седум отсто повеќе од една година претходно. Профитот изнесува 2,2 милиони евра, а профитната маржа во однос на приходите е 20,6 отсто што ја прави една од најуспешните во земјата во овој сегмент. Во 2019-та профитот беше уште поголем и изнесуваше 2,5 милиони евра.

Еден од сопствениците, Пецо Талевски, не сака да зборува јавно за преземањето, но вели дека компанијата е брзорастечка, со оглед дека е формирана пред шест години, а поголемиот дел од уделот го поседуваат Македонци, но и дека имало странски соработници.

- На приходите и добивката може да се гледа позитивно, но треба да се знае и дека голем дел од инвестициите се должат на кредити кои треба да се враќаат. Инаку превземањето од британскиот купувач се случи со помош на една странска фирма-посредник, а ние во моментов имаме помеѓу 220 и 230 вработени, но сега не би сакал да зборувам јавно за тоа бидејќи има и други сопственици и за тоа е потребно заедничко мислење, вели Талевски. 

Volution Group plc е производител на опрема за вентилација за комерцијални и станбени клиенти. Со седиште во Кроули, Западен Сасекс, компанијата е котирана на Лондонската берза и е составен дел на индексот FTSE 250.

EРИ Корпорација ДООЕЛ Битола е компанија во која има и странски капитал и еден од најголемите светски производители и извозници на топлински разменувачи и вентилациски компоненти.

Минатата година се најде единствено зад Битолска Млекара, Цермат и Марковски компани според остварената добивка во Битола за годината 2020.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје

Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје

„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз

„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз

(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“

(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“

Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?

Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?