БИТКОИНОТ ВО ПОДЕМ: Moже ли да скокне на 25.000 долари?
Објавено во: Економија 07 Ноември, 2017
Биткоинот доживува невиден раст во последно време.
Вредноста на биткоинот скокна за дури 50% за еден месец,а дел од аналитичарите сметаат дека трендот ќе продолжи, додека други се со став дека секој момент ќе крахира и инвеститорите ќе ги изгубат вложените пари.
Биткоинот сега се тргува за 6.958 долари, а на 7 октомври можеше да се купи за 4.596 долари.
Сепак, цената почна значително да варира последнава недела – од 6.363 долари се качи на 7.583 и го достигна максимумот по што падна на 6.953 па повторно почна благо да расте.
Наглиот пораст на оваа кртиптовалута започна во април – од околу илјада долари за парче вредноста се зголеми седумкратно за неколку месеци. Претходно со години се движеше на истото ниво – од 900 до 950 долари.
На Балканот први во користење на биткоинот се Словенија и Хрватска.
Голем дел од светските милијардери сметаат дека криптовалутите се само меур кој секој момент може да пукне. Тврдат дека никогаш не би инвестирале во нешто што практично и не постои.
Има и прогнози кои велат дека за пет години биткоинот ќе вреди 25.000 долари.