Биткоинот може да достигне до 100.000 долари
Објавено во: Економија 07 Јуни, 2021
Според проценка на „Блумберг“, биткоинот попрво ќе достигне 100.000 отколку да падне под 20.000 долари.
Биткоинот сега вреди нешто повеќе од 36.000 долари по големите флуктуации во мај. Моделот, развиен од пионерот за техничка анализа Ричард Вајкоф, се очекува да покаже значителна веројатност на пад на 20.000 долари, а финансискиот портал „Блумберг“ проценува дека биткоинот може да варира од 30.000 до 40.000 долари на некое време. а потоа да скокне и до 100.000 долари. Ризиците што инвеститорите во криптовалутите не сакаат да ги видат, сè уште постојат. За дел од аналитичарите, биткоинот е повеќе шпекулација отколку категорија за инвестиции.
foto freepik