19 Мај, 2024
0.0307

Битиќи ги објави имињата на сите советници: Вели составот ќе се менува

Објавено во: Македонија 10 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Фатмир Битиќи вицепремиерот за економски прашања ги објави сите советници во Иницијативата „За Татковината со љубов“. 

Вели дека е неформално тело, платформа за дискусија со луѓе кои можат да дадат мислење, совет или експертиза за да се дојде до поквалитетни предлози и политики. 

„Тие не се професионално ангажирани како советници во мојот кабинет или во Владата, ниту нивните мислења се обврзувачки за Владата ниту пак ќе примаат каков било надомест. Покрај оваа неформална група, јас секојдневно разговарам со различни претставници од бизнис заедницата, академци, граѓани. И нивните барања и мислења влијаат на предлозите што ние потоа ги даваме и ги усвојуваме како Влада. Секако, Владата работи по свои јасни методологии и процедури и секоја дискусија и консултација која ние како политички претставници ја правиме, на крај се преточува во одредена предлог одлука, политика, стратегија, акциски план и за сето тоа е навремено информирана јавноста, стои во објавата.

Тој вели дека составот е флуиден, односно ќе се менува во зависност од темата. На првиот состанок имало повеќе од 20 економски експерти од различни области. Сега веќе се пријавиле уште десетина други што би сакале да учествуваат на наредните состаноци.

Тенденција ни е да ги вклучиме сите заинтересирани релевантни експерти за поединечни теми на интерес и составот верувам дека ќе се проширува значително во иднина. Повеќе различни аспекти на гледање на работите, можат само да бидат од корист. Сите заедно ние сакаме да покажеме дека без оглед на сите останати разлики, патот за просперитет на нашата татковина е поважен од било што друго. Нема да дозволиме никакво компромитирање на оваа благородна иницијатива, ниу пак какво било партиско-политичко профитирање. Сите кои сакаат да помогнат се добредојдени.

Во моментов активни се

Агим Мамути;

Благица Петрески;

Борче Треновски;

Борче Смилевски;

Борис Ефтимовски;

Ванчо Узунов;

Веле Самак;

Висар Адеми;

Вељанд Рамадани;

Виктор Мизо;

Горан Рафајловски;

Зоран Кочоски;

Игор Ивановски;

Игор Андреев;

Коста Петров;

Љупчо Зиков;

Марјан Петрески;

Никица Мојсовска Блажеска

Никола Поповски;

Нина Фити;

Олимпија Заевска Христова;

Сашо Ќосев;


Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт