20 Декември, 2025
0.0903

Бислимовски против: Училиштата и компаниите за храна да не одат на регулиран пазар, туку да купуваат од ЕСМ

Објавено во: Економија 14 Октомври, 2022 13:49

Добивај вести на Viber

Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, денеска го изнесе својот став за предлогот на Владата и Министерството за економија, училиштата и околу 100 до 150 компании за храна да бидат префрлени на регулираниот пазар на електрична енергија. 

Првиот регулатор смета дека на тој начин овие субјекти, кои во моментов плаќаат екстремно високи сметки за струја на слободниот пазар, не треба да се префрлат на регулираниот пазар бидејќи така ќе треба да му плаќаат фактури на ЕВН и дека подобро би било да склучат директни договори со ЕСМ Продажба кои би можеле да бидат дури и поевтини за нив.

- Јас не сметам дека треба да се вратат на регулираниот пазар, туку ЕСМ Продажба да им помогне. Инаку, цената од 48 евра по мегаватчас со која ЕСМ му ја продава на ЕВН ќе претрпи притисок и ќе се зголемат трошоците за маржа. Тоа не му е потребно на ЕСМ, затоа што компанијата треба да застане на здрави нозе, рече Бислимовски.

Според претседателот на РКЕ, ако власта сепак остане на ставот дека опција треба да биде регулираниот пазар, тогаш трошоците би се зголемиле за најмалку од 5 до 7 милиони евра.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Компанија од Емиратите најблиску да ја купи Нафтена индустрија на Србија (НИС)

Компанија од Емиратите најблиску да ја купи Нафтена индустрија на Србија (НИС)

Синдикалната минимална кошница во декември зголемена на 65 492 денари

Синдикалната минимална кошница во декември зголемена на 65 492 денари

ЕСМ бара од Владата да прогласи кризна состојба, опозицијата смета дека тоа е поради рекордните загуби

ЕСМ бара од Владата да прогласи кризна состојба, опозицијата смета дека тоа е поради рекордните загуби

Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“

Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“

Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра

Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра

Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка

Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?