05 Мај, 2024
0.0258

БИМ со јавна понуда целосно да го преземе Бетон Штип

Објавено во: Економија 19 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Градежната компанија БИМ инвест инженеринг достави јавна понуда за целосно преземање на акциите во Бетон АД Штип. Постапката веќе е започната и известена е Комисијата за хартии од вредност. Исто така за намерата за преземање се известени и сите акционери во Бетон АД Штип преку Македонска берза.

Во објавата за намерата за преземање БИМ инвест инженеринг посочува дека има намера да ги откупи сите преостанати акции со право на глас во износ од 1600 денари по акција во Бетон АД Штип.

„Бим инвест инжинеринг“ е основана во 2011 година со непаричен влог во износ од 5.000 евра. Нејзина дејност е издавање и управување со сопствен недвижен имот или недвижен имот земен под закуп.

Бетон АД Штип има издадено вкупно 41.804 акции со тоа што според моменталните показатели вредноста на една акција има просечна цена од 1600 денари, а книговодствената вредност на една акција е поставена на 8087 денари. Бетон АД Штип во последните три години нема поделено дивиденда. 

Бетон АД Штип во првите девет месеци од годинава работи со загуба од 1 милион евра и со речиси преполовени приходи во однос на истиот период лани.

Да потсетиме и дека БИМ инвест инженеринг во април годинава презеде 9749 обични акции со право на глас што претставува 23,32% од сопственичкиот удел и стана доминантен сопственик или најголем поединечен акционер во Бетон АД Штип. Тогаш БИМ акциите ги презеде од компанијата Езимит, а зад нив стои бизнисменот Сашко Бошков, за што повеќе детали може да прочитате во продолжение во анализата на Фактор.

Исто така прочитајте ја и анализата на Фактор за големиот пад на Бетон Ад Штип на македонскиот пазар. Оваа компанија имаше голема експанзија за време на владеењето на Никола Груевски бидејќи доби повеќе државни тендери за изградба на објекти од проектот Скопје 2014.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години