27 Април, 2024
0.0297

Било пандемија, па државата го одложи штедењето на енергија

Објавено во: Економија 14 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Агенцијата за енергетика, носител на Законот за енергетска ефикасност, иако требаше, изминатата година поради пандемијата не успеала да ги подготви правилниците во законските рокови.

Без овие подзаконски акти не може да започне енергетската реконструкција на зградите на државните институции, здравствените објекти и општинските установи. Преку кредит од Светска банка, државата веќе обезбеди 25 милиони евра за енергетска обнова на околу 100 згради на локално и централно ниво во наредните пет години. Ќе се бараат и дополнителни средства за кредитирање, бидејќи државата има 2.441 јавен објект под ингеренции на државата и локалните самоуправи.

Агенцијата во својот годишен извештај вели дека поголемиот дел од потребните подзаконски акти бил одложен за 2021. „Како резултат на SARS-Cov-2 и вонредните мерки, беше одложена подготовката на потребните Правилници и методологии кои претставуваат предуслов за спроведување на обуки, мониторирање и промоција на енергетската ефикасност“, се вели во извештајот за 2020.

Собранието, иако претходно со големо одолговлекување, пред повеќе од една година го усвои Законот за енергетска ефикасност со што Македонија како една од последните земји во Европа добива посебен закон што ја регулира енергетската ефикасност.

Донесувањето на Законот за енергетска ефикасност е клучен предуслов за сериозни реформи во оваа област што треба да следуваат во наредниот период, но следен чекор требаше да биде донесувањето на подзаконските акти како што се правилниците за енергетски контроли кај згради и големи трговци и правилникот за енергетски карактеристики за згради.

Требаше да бидат донесени во рок од шест месеци од влегувањето во сила на новиот закон, односно до изминатото лето. Подзаконските акти се предуслов и за формирање на национален Фонд за енергетска ефикасност.

А.К.



Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра