26 Април, 2024
0.0289

Биле уплашени, а Алексиќ им викал на цел глас: По обвинувањата за силување, притвор за српскиот актер

Објавено во: Балкан 19 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Судија за претходна постапка на Вишиот суд во Белград му одреди на српскиот актер Мирослав Мики Алексиќ притвор од 30 дена за да нема влијание во постапката и на сведоци во делото за кое беше осомничен откако е посочен дека силувал девојчиња во неговата школа за актери. Оваа одлука може да се обжали во рок од три дена. 

Алексиќ не дал коментар за притворот. Според информациите, во обвинителството тој негирал дека ги сторил дејствијата за кои се товари. Алексиќ инаку е осомничен за осум силувања и седум недозволени сексуални дејствија што наводно ги сторил против шест девојчиња. 

„Тој рече само неколку реченици на сослушувањето. Не даде детали. Кратко рече дека го негира злосторството и изјави дека не знае зошто тие девојчиња го обвиниле, дури и по толку многу години", изјавил извор за српските медиуми. 


Адвокатот на Алексиќ, Немања Јоловиќ вели дека обвинувањата против неговиот клиент се сериозни.

„Ги познавам него и неговата сопруга многу години и не можам да верувам дека тој го сторил она за што се сомнева. Ќе ги видиме доказите на обвинителството. Очекувам сослушувањето на повредените да започне на крајот на неделава, рекол адвокатот. 

Цела српска јавност и дава поддршка на актерката Милена Радуловиќ која обелодени за злоставувањето. Таа по одредувањето на притворот напиша на инстаграм „Ина Илничиќ те сакам, одиме понатаму брат“. Со оваа објава и се обраќа на друга актерка која по неа, исто така признала дека била сексуално вознимирена од Алексиќ.

Радуловиќ изјави во саботата дека била злоставена прв пат на 17 години.

Ме злоставуваше прв пат кога имав 17 години, тој имаше 61. Се погрижи сексуалната злоупотреба да се случи за време на час, но во просторија покрај онаа каде што беа другите студенти, или во периодот кога работата се интензивира поради прием во ФДА. Не остави простор никој да се сомнева дека таму се случува нешто толку страшно. Планираше сè внимателно. Ја искористуваше ситуацијата додека сме во шок. Освен што сето ова ви се случува, секогаш постоеше страшно чувство дека во близина има еден куп други деца. Најстрашно е што теренот го подготвува со години, од раното детство, чудовиште, а девојките кои се со мене и јас, ние  не можаме да дозволиме некој да го доживее тоа што ни се случи нас.

Ова не е одмазда, иако таа фаза постоеше и кај мене, но заврши многу одамна. Сите ние, жртвите на Мирослав Алексиќ, влегуваме во ова затоа што е недозволиво да молчиме уште еден ден. Некои девојки, родени 2003 или 2004 година поминуваат низ ваков вид на тортура. Очекуваме поддршка, бидејќи никој не смее да ја поддржи педофилијата. Станува збор за силување на малолетници кои со години биле во контакт со монструозен манипулатор, кој не само што манипулирал со девојчиња, со неговите ученици, со нивните родители, туку и со целото општество, секоја личност што го слушнала славното име и имала позитивно директно или индиректно мислење за овој човек е негово жртва колку и ние, раскажува Радуловиќ.


Можеби ќе ве интересира

ТОМА ФИЛА ЗА ДАНКА: Добро би било да го најдат детето, но не верувам дека тоа ќе се случи

ТОМА ФИЛА ЗА ДАНКА: Добро би било да го најдат детето, но не верувам дека тоа ќе се случи

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари