БИЛ ИНВАЛИД ОД ПРВ СТЕПЕН: Болеста на осудениот шоумен Бојан Јовановски-Боки 13 не може да се третира во затвор
Објавено во: Македонија 12 Декември, 2024 18:13
Болеста на осудениот шоумен Бојан Јовановски-Боки 13 не може да се третира во затвор бидејќи нема терапија, ниту услови, тој е инвалид од прв степен, а му се препорачува да биде физички активен. Ова е медицински став од конзилијарното мислење на докторите презентирани во Кривичниот суд, поради кои осудениот од „Рекет“ останува на слобода.
Одлуката е донесена врз основа на докази односно медицинската документација, на која има повеќе од десетина потписи на доктори-специјалисти, професори од Универзитетската клиника св. „Наум Охридски“.
Боки 13 доби прекин на казна врз база на медицинска документација која ја достави до јавноста.
Боки 13 беше на пет операции. Беше уапсен во акцијата „Рекет“. Во 2020 година е осуден на девет години затвор во Скопје.
Јовановски, минатата година во декември, беше пуштен од „Идризово“ во Скопје по четири години поминати во затвор.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




