Добивај вести на Viber
Барањето работа може да биде вистински кошмар, особено ако целите да најдете позиција, која одговара на знаењето и можностите кои ги поседувате.
Вистината е дека има работодавачи кои претеруваат со барањата за своите кандидати.
Тие истовремено треба да се со добро образование и искуство на слична позиција барем неколку години, а во исто време треба да се млади, енергични, способни, амбициозни, подготвени да работат посветено и слично.
Кога ви кажуваат „флексибилното работно време" често значи дека ќе бидете ангажирани во различни периоди од денот, иако работното ви време е 8 часа.
Може да побараат пробно работење, кое нема да ви биде платено или ќе ви покријат само основни трошоци.
Се разбира, секое правило има и исклучоци!
Во последните години се забележува извесна промена на пазарот на трудот и стремеж од страна на работодавците да бидат постојано атрактивни за квалификуваните работници, но има и такви кои постојано бараат нови работници поради некоректниот однос кон нив.