14 Декември, 2025
0.0469

Безбедни неоперативни методи за решавање дискусхернии од д-р Африм Халими во Клиника Жан Митрев

Објавено во: Мои пари 13 Септември, 2024 12:31

Добивај вести на Viber

За лекување на оштетувањата на ‘рскавичните перничиња на ‘рбетниот столб познато уште како дискусхернија постојат и безбедни, неоперативни методи кои се применуваат и кај нас. Во Клиника Жан Митрев, на одделението за радиологија д-р Африм Халими во третманите за дискусхернија и сите други патологии на зглобовите, спроведува терапија со озон – неинвазивен метод со којшто се лечат болестите на ‘рбетниот столб.

Оваа терапија е позната како најбезбедна минимално инвазивна процедура со цел комплетно справување со болките во грбот кои се појавуваат како резултат на оштетувањето дискусите. Сигурноста и безбедноста, го прави овој метод честа медицинска постапка која редовно се применува. При озон терапијата на интервертебралните, болните дискови со помош на игла се аплицира озон, гас кој прави оксидација на протеинот на дискот и предизвикува хернацијата да се повлече.  Со повлекувањето на хернацијата се намалува притисокот односно волуменот на дискот и доаѓа до декомпресија на нервот, со што директно се влијае како на самата болка така и на патологијата.


Д-р Халими вели дека ова е метод со максимална сигурност, нема рез, туку целата процедура се прави со убод на тенка игла: „Процедурите се прават во ангио-сала, под монитор се следи движењето на самата игла до болниот диск и дури тогаш се аплицира озонот. Лекувањето е во амбулантски услови при што процедурата трае 30-45 минути. Пациентот истиот ден, веднаш по интервенцијата може слободно да се движи и да продолжи со секојдневните активности, но претпазливо и без да се оптоварува. Озонската терапија може да се даде кај сите пациенти, секако во зависност од степенот на патологија на дискот, но најважно е дека степенот на излекување е висок уште при првиот третман“.

Озонската терапија применета кај ‘рбетната патологија, дава сигурен резултат кај 75-85% од пациентите, додека пак кај 50% подобрувањето се чувствува веднаш по првиот третман, без да има потреба за повторување на процедурата. 

Предностите од примената на овие процедури за пациентите се бројни, а она што е најважно од медицински аспект е тоа што оваа метода е минимално инвазивна, се изведува како амбулантно лекување, со локален анестетик и сигурноста е зголемена затоа што се работи под монитор.


Болките во грбот или дискусхернијата е многу честа појава посебно кај машката популација. Ги зафаќа сите зглобови и ‘рбетниот столб. Се јавуваат како последица на дегенеративниот процес или стареење. Фактори кои влијаат на дегенеративните промени може да бидат наследните генетски фактори, хормонален дисбаланс, нарушување на метаболизмот, начинот на живеење и физичката неактивност, а обезноста е дел од факторите кои го забрзуваат овој процес. Најчести симптоми што укажуваат на оваа патологија се болка во долниот лумбален дел (крстот) со ширење кон едната или двете нозе (лумбоишијалгија), трпнење на ногата, слабост на мускулатурата и не ретко Кауда екуина синдром.

Озонската терапија за дископатии и хернијација на дискот се применува единствено во Клиника Жан Митрев, за првпат во државата, а д-р Халими своето искуство го носи од Кувајт каде работел долги години во различни здравствени центри.


Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија