28 Април, 2024
0.0290

Мирче Адамчевски

Без Русија нема мир во Сирија

Објавено во: Свет, Колумни 14 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Во сабота во Лозана треба да се одржи средба во тесен формат за Сирија. Министрите за надвоешни работи на САД, Русија, Турција, Саудиска Арабија и Катар ќе го направат, веројатно, последниот обид за политичко решение на воениот конфликт во таа земја. Американците, кои пред две недели демонстративно се откажаа од спроведување на заедничкиот план со Русите околу Сирија, како да ја свиткаа опашката и Џон Кери и Сергеј Лавров, одново ќе разговараат, но овој пат под будните очи на нивните колеги од трите регионални држави кош директно или индиректно се вклучени во настаните во Сирија. Оваа средба е доказ дека на сите им е јасно дека таму нема воено решение и дека мора отворено да бара пат до мирот.

Позициите на сите учесници на средбата се познати. Башар ал Асад сега не е централната фигура околу која ќе се кршат копјата. Дури и Турција сега не ја бара главата на Асад. Деновиве доаѓаат вести дека се водат преговори меѓу владини претставници на Сирија и Турција, што беше незамисливо досега. Саудиска Арабија пак се договара со Русија околу нафтата, а можеби е лута на САД за законот кој им дозволува на американските граѓани да можат да ја тужат Саудиска рабија за нападите во Њујорк во септември 2001 година.

Американците и Русите речиси направија спровделив план за мир, но тој се урна само три дена по објавеното примирје со американското бомбардирање на војската на Асад при што загинаа 80 прпадници на сириската армија. Американците се извинија за „грешката“, а потоа дојде до нападот на хуманитарниот конвој за Алеп. Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун најави детална истрага за овој случај, но работите не се мрднати ни за чекор. Има сомневања дека тој е дело на исламските терористи стационирани во Алеп, иако во првите моменти прстот беше вперен во силите на Асад.

Потоа дојде Алеп и бомбардирањата на позициите на терористите сместени во еден дел од градот, каде што има и 250 илјади мирни жители. Покрај терористи во нападите од страна на сириската и руската авијација има загинато и цивилно население. Обидите во ОН да се донесе заедничка резолуција за спречување на гинење на невини луѓе не вродија со плод. Ни француската резолуција, ни руската не поминаа во Советот за безбедност. И ден потоа почна хајка против Русија.  Таа е виновна за она што се случува на теренот во Алеп. Закани со меѓународни судови, со нови санкции, со еднострани воени акции, па прогласување на зона за забранети летови..

Една од заканите беше и најавата за изолација на рускиот претсеател Владимир Путин. На 19 октомври во Париз треба да се отвори нова руска црка и цел комплекс околу неа, за кој настан францускиот претседател Франсоа Оланд го покани својот руски колега уште пред шест месеци. Ден по „паѓањето“ на француската резолуција во ОН, Оланд изјаи дека се подзамислува дали да се сретне со Путин на 19 октомоври. Потоа дојде веста дека може да се сретнат, но да дискутираат за Сирија, а главниот настан нека го удости Путин сам. Одгворот од Москва дојде веднаш. Путин не оди во Париз, а ќе се сретне со Оланд кога на овој ќе му биде удобно. Мал цинизам со кој на Оланд му се соопштува дека не сака да им се замери на Американците во целата ситуација околу Сирија, па затоа не сака на голема врата да го прими Путин на гости. Еден ден подоцна Олнад како да се премисли, па во Стразбур на заседанието на Парламентарното собрание на Советот на Европа изјави дека со Путин би се сретнал во секое време. Веројатно тој ја имаше предвид најавената средба на „нормандискта четворка“ во Германија, на вечерата чиј домаќин треба да биде канцеларката Ангела Меркел, а на која покрај Путин треба да присуствува и украинскиот претседател Петар Порошенко. Се’ уште не се знае дали ќе вечераат сите заедно, но факт е дека Оланд, Меркел и Путин имаа телефонски разговор деновиве.

Не помалку жесток околу Алеп беше и британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон. Тој дури повика на протести пред руската амбасада во Лондон. Малку во стилот на држави кои ги сметаат за недемократски, а кои лесно собираат стотици илјади народ пред „непријателските“ амбасади. Имаше еден коментар во западните медиуми на оваа тема. Ако во Лондон дојдат луѓе пред руската амбасада, тогаш пред британската во Москва ќе се соберат неколу пати повеќе. Џонсон повика дури и на воени операции во Сирија, се разбира со учество на САД.

А Американците се поделени. Некои се за воена операција, за напади врз силите на Асад, но други сметаат дека тоа би значело и воен судир со Русија на теренот. Зона за забранети летови тешко би се воспоставила, бидејќи Русите веќе имаат контрола на најголем дел од сириското воздушно пространство. Претседателот Барак Обама постојано изјавува дека разгледува некакви планови, но никако да преземе конкретен чекор. Веројатно, пред крајот на мандатот, не сака да остане запаметен како претседател кој отворил нова војна. Што впрочем и не би било изненадување, ако се знае дека многу американски претедатели заминувале од функцијата оставајќи им на своите наследници отворени војни. Ако не се смета Корејската вјна, почнувајќи од Линдон Џонсон наваму, речиси да нема претседател кој не бил зафатен од воен вител. И се во името на борбата против комунизмот и ширењето на демократските вредности. 

Што се однесува до нови санкции кон Русија, некои западни медиуми пишуваат дека министрите за надвоешни работи на ЕУ ќе се состанат наскоро и дека ќе решаваат за нив. Ова ќе оди малку потешко. Треба да се постигне консензус за санкции поврзани со Сирија. Денес дури и санкциите поврзани соУкраина наидуваат на отпор кај неколку членки на ЕУ. Британија, Франција, Германија лесно би се договориле со земјите од„нова Европа“, кои порано беа дел од комунистичкиот фронт против западот, но има држави од „стара Европа“  кои тешко би се придружиле на такви санкции. Во отсутво на координиран настап на западот тешко дека ќе се направи нешто против Русија.

За ова деновиве за ББЦ зборуваше за ББЦ директорот на Институтот за  Русија при лондонскиот Кингс-колеџСем Грин. Според него, постои координирана позиција , но таа е во ќорсокак. -Санкциите покажаа ограничена ефективност, а како да се засилат, а да не се влоши ситуацијата, не е многу јасно. Никој не сака да направи хаос и во самата Русија. Така што очигледно е дека треба да се помириме со тоа, вели Грин. На новинарската констатација дека Западот е бессилен, Грин вели: „И Путин не можеше да го сопре Буш-помладиот во работите околу Втората ирачка војна, Елцин не можеше да го спречи бомбардирањето на Југославија. Светот е така изграден. Ако сакаме светот да го видиме поинаков, тоа не може да се направи за еден ден. Тоа ќе се реши со преформатирање на  односите, во тие рамки и во ОН. Тоа е долга игра, а во сегашната ситуација возот, речиси навистина е заминат.

Очигледно е дека остануваат само преговорите. А без Русија Сирија не може никако да се реши. Реалните состојби на теренот во Сирија го наметнуваат тоа. Џабе повици за судење за завоени злосторства,  патем и Русија, како и САД го немаат признаено Меѓународниот кривичен суд. Затоа во сабота во Швајцарија ќе мора да се седне заедно и да се бара решение за Сирија, да се намали крвопролитието, да се решат хуманитарните прашања. И да се трасира патот кон мир и вистинска борба против Исламската држава и најзините поддржувачи.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ СЕ РАЃА НОВА НАДЕЖ ВО БОРБАТА СО РАКОТ: Започнуваат клиничките испитувања во фаза 3, британците тестираат вакцини за меланом

ДАЛИ СЕ РАЃА НОВА НАДЕЖ ВО БОРБАТА СО РАКОТ: Започнуваат клиничките испитувања во фаза 3, британците тестираат вакцини за меланом

БАКИНГЕМСКАТА ПАЛАТА ИЗЛЕЗЕ СО ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ЗА ЗДРАВЈЕТО НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Еве кога и дали воопшто ќе се врати на должностите

БАКИНГЕМСКАТА ПАЛАТА ИЗЛЕЗЕ СО ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ЗА ЗДРАВЈЕТО НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Еве кога и дали воопшто ќе се врати на должностите

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ОБЈАВЕНА ГОЛЕМА АНАЛИЗА КОЈА ЈА ПОКАЖУВА ГОРКАТА ВИСТИНА: Најмногу отрови се пронајдени во овие овошја и зеленчуци

ОБЈАВЕНА ГОЛЕМА АНАЛИЗА КОЈА ЈА ПОКАЖУВА ГОРКАТА ВИСТИНА: Најмногу отрови се пронајдени во овие овошја и зеленчуци

ОВА Е ЧОВЕКОТ КОЈ ЈА ЧУВА „ВРАТАТА“ НА АРАПИТЕ: Тежи 1,5 трилиони долари, никој не може да го сретне, ниту 10 минути

ОВА Е ЧОВЕКОТ КОЈ ЈА ЧУВА „ВРАТАТА“ НА АРАПИТЕ: Тежи 1,5 трилиони долари, никој не може да го сретне, ниту 10 минути

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

КУЌИ СРАМНЕТИ СО ЗЕМЈА, ВОЗОВИ ЛЕТАА ОД ШИНИТЕ: Десетици торнада ги погодија САД

КУЌИ СРАМНЕТИ СО ЗЕМЈА, ВОЗОВИ ЛЕТАА ОД ШИНИТЕ: Десетици торнада ги погодија САД

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми