БЕЗ РАБОТА ЌЕ ОСТАНАТ НЕКОЛКУ ИЛЈАДИ РАБОТНИЦИ: Популарна банка во Германија планира големи откази, сакаат да ги намалат трошоците
Објавено во: Финансии 13 Февруари, 2025 10:44
Комерцбанк планира да отпушти неколку илјади работници во Германија. Мерката се очекува да влијае на 3.000 до 4.000 вработени од вкупно 42.000 лица.
Според упатените, Комерцбанк во Германија планира да укине неколку илјади работни места. Две лица запознаени со случајот изјавија за Ројтерс дека мерката ќе погоди неколку илјади вработени, додека трето лице изјави дека бројката е од 3.000 до 4.000 - од вкупно 42.000 работници.
Банката со седиште во Франкфурт сака да ги намали своите трошоци преку чисти резови и да ја нагласи својата независност во однос на преземањето на италијанската Уникредит.
Надзорниот одбор на банката ќе разговара за мерките со раководството на целодневен состанок денеска, пред формално да биде претставена стратегијата во четврток, велат упатените.
Комерцбанк одби да ги коментира извештаите за отпуштања.
За потсетување, медиумите објавија дека Комерцбанк планира да затвори 240 свои филијали.
Претседателот на работничкиот совет продолжува со загриженост да ги следи случувањата. Тој се надева дека заедно ќе ја надминат оваа криза.
Банката беше под голем притисок и во 2007 година по финансиската криза и преземањето на банката Дрезднер.
(Магазин Феникс)
Можеби ќе ве интересира
Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра
Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома
„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска
„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго
РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете
ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно
ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари




