07 Мај, 2024
0.0222

Без изговори, без оправдувања! Во сообраќајот нема место за „возачи“ без возачка дозвола!

Објавено во: Мои пари 20 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Секојдневно, преку средствата за јавно информирање, се пренесуваат страшни вести за сообраќајни незгоди со повредени и загинати лица. Сите севознемирени и вчудоневидени. Нема човек кој останува рамнодушен на тажните животни судбини, на потресните слики што секојдневно ги гледаме на патиштата. И покрај тоа, податоците од полицискиот билтен покажуваат нови застрашувачки информации: секој викенд голем број на санкционирани млади лица кои управуваат моторно возило без возачка дозвола.

Замислете, и покрај црната слика на патиштата на која сите сме сведоци, податоците на МВР покажуваат дека околу 10.000 лица годишно се санкционираат затоа што управуваат моторно возило без возачка дозвола.

Зошто? До кога? Која е цената што треба да се плати за конечно да се разбере дека сообраќајот е извор на опасности? Што треба да се случи за да се биде одговорен возач и одговорен родител?

Најголем број од „возачите“ без возачка дозвола се млади момчиња и девојки. Голем дел од нив се малолетни лица, кои се сметаат за зрели учесници во сообраќајот, но незрели да полагаат и да добијат соодветна возачка дозвола. Овие млади и малолетни лица, најчесто возат семеен автомобил што нивните родители, без да размислат, гордо ѝм го позајмуваат.

Па така, секојдневно можете да видите млади лица во скапи и моќни автомобили, без возачка дозвола. Младите под притисок на желбата за докажување пред своите врсници, несвесни за  злото што ги демне, гордо седат зад воланот на автомобилот на мама и тато. Не дека се за оправдување, ама младоста, незнаењето и неискуството, можеби можат барем делумно да ѝм го простат гревот.

Но нивните родители, тие кои гордо гледаат како нивните деца ракуваат со опасно оружје, што мислат тие? Што очекуваат тие? Чиста ли им е совеста? Како ја хранат својата совест? Со изговори и со оправдувања „нека се радува детето“, „млад е нека проживее, сега му е времето“, „сите сме биле млади, имам разбирање “.

Додека тие длабоко во себе се задоволни како нивното дете е многу ценето, барано, сакано од своите врсници, на улиците се губат млади животи. Тешки солзи се пролеваат на патиштата. Но,  тие самобендисани и самоуверени, не можат и не сакаат да го видат тоа сѐ додека не се случи нешто страшно. А кога ќе дојде страшното, тогаш касно е за сѐ.

Тогаш е џабе да се каете и проколнувате. Тогаш веќе не можете ништо да смените. Ве мачи совеста и пак барате оправдувања: „..ама му посакував сѐ најдобро“, „ама тој не беше таков, секогаш внимаваше“, „и да не му го дадев автомобилот, сигурно ќе го земеше“, „не мислевме ништо лошо“, „да знаев, немаше да биде така“, „судбина било“ и многу други оправдувања и изговори.

Многу оправдувања и многу изговори, ама реалноста никој и ништо не може да ја смени. 

Затоа, додека сѐ уште не е доцна, помогнете му на своето дете да положи возачки испит, навреме да се стекне со возачка дозвола, да ги почитува одредбите што се однесуваат на возач-почетник.  Помогнете му да биде одговорен и внимателен возач кој ќе ги почитува сообраќајните правила и прописи. Дајте му на знаење дека ништо не е поважно од животот. Дајте му на знаење дека семејниот автомобил е забранет додека не се создадат предуслови за тоа.

РСБСП со порака: Без изговори, без оправдувања. Во сообраќајот нема место за ׳возачи без возачка дозвола. 


Можеби ќе ве интересира

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“