Беспрекорна продуктивност - АИТОНИКС го претставува новото AI PC портфолио на DELL!

Објавено во: Мои пари 25 Април, 2025 12:06
Во соработка со AITONIX, авторизиран дистрибутер* на Dell во Македонија, Dell продолжува да го поставува стандардот за AI-потпомогнато компјутерство, со новата серија на елегантни лаптопи, моќни работни станици и разновидни десктоп компјутери, создадени за лична и професионална употреба.
Dell го престави новото AI PC портфолио, кое вклучува уреди создадени за професионалци кои бараат моќна локална AI обработка преку вградени NPU-и. Тие нудат напредни функции како Recall и Cocreator, подолг век на батерија и подобрена безбедност, идеални за продуктивност и креативност на највисоко ниво.
Претставувајќи ја оваа иновативна серија, Саша Ристеска, Продукт менаџер за Dell во AITONIX, изјави: „Dell секогаш е посветен на создавање уреди кои не само што го подобруваат искуството на корисниците, туку и ја подобруваат продуктивноста на професионалците. Нашето ново AI PC портфолио обезбедува брзина, безбедност и врвни перформанси, што овозможува незабележлива интеграција на технологијата во секојдневната работа."
Со поедноставена понуда, сега е полесно од кога било да се избере вистинскиот AI PC благодарение на трите категории: Dell – дизајниран за забава, учење и работа; Dell Pro – фокусиран на професионална продуктивност и Dell Pro Max – за максимални, бескомпромисни перформанси.
Dell Pro: потојана бизнис моќ
Серијата Dell Pro носи врвни деловни лаптопи и десктопи со процесори Intel Core Ultra (Series 2, V и U SKUs) и AMD Ryzen, кои нудат подобрени AI способности, продолжен век на батеријата и напредна безбедност. Овие уреди се дизајнирани за професионалци кои бараат мобилност, издржливост и непречена продуктивност во канцеларија, дома или во движење.
- Dell Pro 13/14 Premium – Ултра-лесни лаптопи со тежина од само 1. 070 грама, до 21.2 часа траење на батеријата и 51% подолг век на траење во споредба со претходните модели. Нудат 36% побрзи перформанси и 3.5 пати побрз AI од претходната генерација. Опремени со 8MP HDR камера за напредна соработка и нов двоен вентилаторски систем за тивко работење, овие лаптопи ги поставуваат новите стандарди во мобилната продуктивност.
- Dell Pro 13/14/16 Plus – Најскалабилниот лаптоп за деловна употреба, достапен во повеќе конфигурации и форми (стандард и 2-во-1), со големини од 13, 14 и 16 инчи. Нуди 50% рециклиран алуминиум и поддршка за USB, HDMI, Thunderbolt, 5G и Wi-Fi 7 за максимална поврзаност. Опремен е со просторен 16:10 дисплеј за поголема продуктивност и мултитаскинг, како и MIL-STD тестирање за издржливост во најразлични работни средини.
- Dell Pro 14/16 – Основниот модел во Dell Pro серијата, дизајниран за секојдневна продуктивност со ниска потрошувачка на енергија и долготрајна батерија. Достапен со металик финиш во сребрена и магнетит (темно сива) боја, со опција за енергетски ефикасен дисплеј што го продолжува времетраењето на батеријата.
- Dell Pro десктопи – Достапни во микро, тенок и tower дизајн, овие десктопи користат Intel Core Ultra (Series 2, U SKUs) и AMD Ryzen процесори, овозможувајќи подобра енергетска ефикасност и AI-оптимизирани перформанси. Со можност за професионални графички картички и напредни можности за поврзување, тие се совршени за канцелариски и креативни работни опкружувања.
Dell Pro Max: За интензивни работни задачи кои го бараат само најдоброто
Dell Pro Max е создаден за најсложените апликации, со напредни процесори и професионални графички решенија за AI задачии дизајн. Оптимизиран за инженери, архитекти и аналитичари на податоци, овие уреди овозможуваат непречена работа со комплексни софтверски апликации и машинско учење.
- Dell Pro Max 14/16 – Лесен и модерен дизајн со поддршка за NVIDIA RTX 2000 Ada Generation Laptop GPU. Новиот 16-инчен модел нуди QHD+ резолуција, 16:10 аспект со опционален екранна допир, овозможувајќи врвна визуели за дизајнери и инженери.
- Dell Pro Max десктопи – Овие прилагодливи десктоп компјутери поддржуваат различни индустриски апликации, како што се архитектура, дизајн, графика, анализа на податоци и овозможуваат полесни AI задачи. Достапни во микро, тенок и tower дизајн, овие десктопи нудат професионална графика NVIDIA RTX и AMD опции за моќни и сложени работни процеси.
Одржливост и лесно управување
Dell продолжува да ја потврдува својата посветеност на одржливиот развој преку низа иновативни иницијативи. Модуларниот USB-C порт е до четири пати поиздржлив и полесен за поправка, што значително ја намалува потребата од сервисирање. Модуларната главна плоча и I/O плочи ја подобруваат одржливоста на сервисирање и придонесуваат за намалување на електронскиот отпад. Новите батерии, кои содржат 80% помалку кобалт, се поеколошки и поодржливи за иднината. Дополнително, користењето на 50% рециклиран алуминиум, рециклиран челик и био-базирана пластика помага во намалување на емисијата на јаглерод и минимизирање на влијанието врз животната средина.
Dell PC 2-in-1: Совршени за мултитаскери
Dell нуди и уреди за корисници надвор од деловното опкружување. Новите Dell 14 Plus 2-in-1 & 16 Plus2-in-1 лаптопи нудат балансирана продуктивност и флексибилност, со AI-поддршка и 39% подолг век на батеријата. Овие уреди се за 14% потенки и нудат напредни можности за мобилна работа. Опремени со Copilot+ PC технологии, тие го подобруваат начинот на работа со AI-асистирани функции за побрзо завршување на задачите.
Иднината на Dell AI PC
Dell наскоро ќе го прошири своето портфолио со повеќе AMD и Snapdragon X Series процесори, како и нови уреди во основниот и премиум сегмент. Со подобрен дизајн, нови технологија и врвна продуктивност, Dell AI PC платформите поставуваат нови стандарди за модерното работно опкружување.
*АИТОНИКС АД е авторизиран дистрибутер на Dell Technologies во Македонија за сториџи, сервери, back up решенија како и за commercial сегментот за бизнис производи (лаптопи, десктопи, монитори итн).
АИТОНИКС АД е компанија со докажана експертиза и 25-годишно искуство во дистрибуцијата на ИТ производи и изработката на софтверски решенија.
За повеќе информации во врска со уредите од Dell Technologies, контактирајте го продажниот тим во АИТОНИКС на 02 329 83 38 или на email адреса sales@aitonix.group.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
Чие е ова време? „PenZy vs. GenZy“ на Халкбанк во потрага по одговорот на вечното прашање

Попаметни носливи уреди: Google Gemini пристигнува на Samsung Galaxy Watch и Buds

Практикантство за нови зелени вештини за идните растечки пазари на работни места

СВЕТСКИТЕ ТРЕНДОВИ ВО ЕСТЕТСКАТА ДЕРМАТОЛОГИЈА СЕ ДОСТАПНИ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“

„Ден на еколошка размена“ во организација на Елколект - донесете мал е-уред и направете голема промена

Нова дигитализација во ОКТА за уште поефикасна контрола на квалитетот на горивата

Нова РЕсет работилница на Реплек: Практични совети за добросостојба од д-р Митов

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ГОРД ПОДДРЖУВАЧ НА ВИЕНСКИОТ БАЛ ВО МАКЕДОНИЈА

Трансплантација на коскена срцевина за карциноми и крвни заболувања кај деца во „Аџибадем“
