Бесплатни прегледи од Клиника Жан Митрев за новороденчињата од Општина Центар
Објавено во: Мои пари 20 Септември, 2023 12:13
Клиника Жан Митрев додели ваучери за педијатриски прегледи за секое новороденче од Општина Центар. Како дел од меморандумот за соработка потпишан со Општина Центар ова е второ доделување ваучери за семејствата од оваа општина кои годинава добиле дете, откако во мај беа доделени 130 ваучери. Истото е продолжување на традиционалната активност со која што Клиника Жан Митрев придонесува за безгрижен и здрав развој на новороденчињата и ги советува родителите за понатамошниот правилен развој.
Секое новороденче ќе биде прегледано од педијатар специјалист и родителите ќе бидат советувани за понатамошна нега. Ваучерот може да се искористи во следните 3 месеци од доделувањето, потребно е само родителите да одберат термин кој најмногу им одговара и да закажат преглед за своето бебе. Бројот за закажување прегледи е 02/3091-484.
Можеби ќе ве интересира
ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје
Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти
Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол
СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ
Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство
Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026
Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore
ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија




