29 Април, 2024
0.0265

БЕСПЛАТНИ ОФТАЛМОЛОШКИ ПРЕГЛЕДИ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ВИДОТ

Објавено во: Мои пари 05 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

На 12.10.2017 година, по повод Светскиот ден на видот, под мотото „Гледај подобро, живеј подобро“, Специјалната очна болница „Деница“, ќе овозможи целодневни бесплатни очни прегледи за сите заинтересирани граѓани во насока на превенција на нивното очно здравје. Закажувањето на прегледите започнува денес,  05.10 (четврток), на бројот 02/2446-400 и ќе трае сé до пополнувањето на сите термини.

Светскиот ден на видот се одбележува секоја година, вториот четврток во месец октомври, како резултат на иницијативата на Светската здравствена организација, а со цел општествата и граѓаните да посветат соодветно внимание на сите оштетувањата на видот, на проблемите со слепилото, како и на рехабилитацијата на слабовидните лица.

Меѓународниот тим на Специјалната очна болница „Деница“, под раководство на д-р Наум Трпеноски, од мај 2017 година, нуди врвни здравствени услуги од областа на офталмологијата, хирургијата, дијагностиката и контактологијата.

Ги повикуваме сите редакции и новинари, во согласност со уредувачките правила на медиумот, да ги известат своите публики преку објава на информација за оваа хумана и превентивна активност која може да им е и повеќе од потребна.

Со почит,

Специјална очна болница „Деница“

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг